Свет
Кина се подготвува за најсилниот тајфун годинава
Тајфунот Меги кој се приближува до кинескиот брег, ќе биде најсилниот оваа година а можеби и во последниот половина век, па властите преземаа масовна евакуација и прекин на поморскиот сообраќај, како и на работата на нафтените платформи, јавува агенцијата Ксинхуа
Тајфунот Меги последниве неколку дена го измени својот правец и според проценките треба да стигне до брегот на кинеската провинција Фуцзјан ноќта петок наспроти сабота. Во врска со приближувањето на тајфунот, Кинеската национална нафтена компанија CNOOC уште во средата почна со евакуација на работниците од нејзините нафтени платформи во Јужното Кинеско Море. Продуктивноста на привремено затворените платформи во 2009 г. Изнесуваше 126 илјади барели нафта дневно. Компанијата најави дека очекува платформите да продолжат со работа веднаш по минувањето на тајфунот.Во покраината Фуцзјан во четврток се спроведува масовна евакуација на крајбрежните области. Домовите засега ги напуштиле повеќе 150 илјади луѓе а на 53.100 рибарски бродови им беше наредено да се вратат во пристаништата. Морскиот сообраќај меѓу пристаништеот Цјуанчжоу и Тајван исто така приврмено е во прекин.Претходно мерки за безбедност од налети на бура беа преземени во кинеските провинции Гуангдонг и Жеџијанг, како и во Хонг Конг. На сите пловила им беше наредено да се всидрат во пристаништата, а локалните власти и службите за вонредни состојби на градежните компании им наредија да преземат дополнителни мерки за безбедност на градилиштата, и да се сокрие материјалот и опремата кои може да бидат покренати и силните ветрови. Началникот на Регионалниот центар за предвидувања при Национално океанографската контрола на Кина, Бај Ипин за Ксинхуа изјави дека не ја исклучува можноста оти тајфунот ќе биде најсилен во последниве 50 години и дека може да доведе до значителна штета во крајбрежниот појас.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Израел: Способноста на Иран да лансира ракети ќе биде значително нарушена
Израел очекува способноста на Иран да испали балистички ракети да биде значително нарушена во следните 24 часа, изјавија двајца израелски функционери, како резултат на зголемените напади на САД и Израел. Според нив, се очекува фреквенцијата на иранските ракетни напади да се намали до вторник вечерта и да бидат испукани помалку ракети кон Израел, пренесуваат медиумите во регионот.
Во првите три дена од војната, САД и Израел погодија повеќе од 1.200 цели. Се очекува тој број да се удвои до вторник, по она што официјалните лица го опишаа како неуморно темпо на напади што започна во понеделник и се очекува да продолжи во текот на ноќта.
Еден од функционерите рече дека се очекува нападите на американските и израелските сили во понеделник вечерта да бидат насочени кон ракетни лансери, сили за внатрешна безбедност и цели на Револуционерната гарда. Американските и израелските функционери денес нагласуваат дека темпото и успехот на воздушната кампања досега ги надминале сите очекувања.
Свет
Иранската револуционерна гарда: „Непријателот нема да биде безбеден никаде во светот, дури ниту во своите домови“
Иранската револуционерна гарда, паравоена формација на која се потпира исламската влада во Техеран, денес се закани, по повод американско-израелските напади врз Иран, дека ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“ и дека непријателите нема да бидат безбедни „никаде во светот, дури ни во своите домови“, објавува CNN.
Како што објави иранската државна телевизија, Иранската револуционерна гарда соопшти дека неодамнешната загуба на врховниот лидер ајатолахот Ал Хамнеи и други високи функционери „не го потресе (Иран), туку само го направи посилен“.
Високо вооружената и организирана гарда – која постои паралелно со иранската армија и вклучува доброволни одреди – вети во соопштение дека Иран ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“.
„Непријателот треба да знае дека неговите среќни денови се завршени и дека повеќе нема да бидат безбедни никаде во светот, дури ни во своите домови“, се додава во соопштението што го пренесе CNN.
Регион
Дачиќ симнат од респиратор
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ денес е симнат од механичка вентилација, пренесува „Блиц“.
Медиумот пренесува дека министерот за здравство Златибор Лончар денес изјави дека здравствената состојба на министерот за внатрешни работи и претседател на Социјалистичката партија на Србија Ивица Дачиќ е подобра отколку што беше, додавајќи дека постојат причини за оптимизам, но и дека мерките за интензивно лекување и терапија продолжуваат.
„Неговата моментална состојба е подобра отколку што беше, што ни дава причина за оптимизам. Важно е што сè уште има многу работа да се направи, мерките за интензивно лекување и примената на интензивна терапија продолжуваат. Тоа е она што ќе го кажам во овој момент, а луѓето што го лекуваат ќе го објаснат подетално во текот на денот“, изјави Лончар за новинарите по посетата на здравствениот центар Вождовац.

