Свет
На Хаити се сомневаат дека причина за 140-те починати е колерата
Во последните денови се пријавени речиси 140 смртни случати во регионот на централниот дел на Хаити, а по првичните сомневања дека станува збор за дијареа, во петок здравствените власти соопштија дека постојат сомневања дека може да се рабтои за епидемија н аколера, пренесе Reuters
Официјалнитe претставници на Обединетите нации изјавиле дека хаитски здравствени власти ја информирале Светската здравствена организација за 138 смртни случаи и 1.526 случаи на епидемија евидентирани досега во централниот регион Долен Артибоните, северно од главниот град Порт-о-Пренс. Исто така, случаи на зараза за која првично постои сомневања дека станува збор за диареа, се пријавени и во регионот Сентрал Плато.Локалните болници се преполни со пациенти кои страдаат од акутна дијареа, а жртвите починале од брзото дехидрирање, во некои случаи за само неколку часови, рекле официјални претставници на здравствените власти на Хаити.Лекарски екипи од многуте меѓународни хуманитарни напори кои се наоѓаат на Хаити по катастрофалниот земјотрес од 12-ти јануари се распоредени во обалстие каде се јави епидемијата, во обаста околу градот Сен-Марк во централниот дел на земјоделскиот регион на оваа карипска земја каде немаше многу жртви од земјотресот..СЗО и ОН се уште не можат да ги потврдат соменвањата дека причина за нагло зголемената смртност е колерата. Тие ги очекуваат конечните резултати од лабораториските испитувања на примероци земени од починатите и од болните, изјави портпаролкот на хуманитарнат амисија на ОН за Хаити, Имоџен Вол за Reuters.Претходно, началникот на Одделот за здравство на Хаити, др. Габриел Тимоте и министерот за здравство, Алекс Ларсен, изјавија дека првичните тестови покажале дека станува збор за колера, иако на Хаити не се забележани неодамнешните случаи на смртоносната болест.„Од 15 тестирани примероци, 13 наведуват да помислиме дека станува збор за колера“, изјавил Тимоте.Колерата е акутна болест се пренесува преку заразена вода и храна што предизвикува дијареа и тешка дехидрација и може да убие за неколку часа, доколку навремено не се третира медицински.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Почина и сопругата на иранскиот ајатолах: им подлегна на повредите
Мансуре Хоџастех, сопругата на врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, почина од повредите здобиени во неодамнешните американско-израелски напади, објавија иранските државни медиуми.
Медиумите потсетуваат дека Хамнеи беше убиен во заеднички американско-израелски напади насочени кон неколку локации во Техеран и неговата околина.
Според иранските државни медиуми, Хоџасте беше повредена во истиот бран напади, а денес им подлегна на повредите.
Свет
Путин за војната во Иран: загриженост за ризик од ширење на конфликтот
Рускиот претседател Владимир Путин денес разговараше со четири клучни лидери на земјите од Персискиот Залив, предупредувајќи на опасноста американските и израелските напади врз Иран да ескалираат во поширок регионален конфликт, објави CNN.
По разговорите со саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман, Кремљ објави дека „двете страни изразија сериозна загриженост за реалниот ризик од проширување на зоната на конфликт, која веќе ги зафати териториите на голем број арапски земји и носи катастрофални последици“.
„Ова е исклучително опасно“
Путин ја нагласи потребата од дипломатија за решавање на „екстремно опасна ситуација“, додека, според Кремљ, саудискиот престолонаследник рече дека Москва, благодарение на добрите односи и со Иран и со земјите од Заливот, може да игра стабилизирачка улога.
Русија постојано ги осудува американските и израелските напади и атентатот врз врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи.
Путин разговараше и со претседателот на Обединетите Арапски Емирати, Мохамед бин Зајед Ал Нахјан. „Двете страни ја нагласија потребата од прекин на непријателствата и враќање на политичкиот и дипломатскиот процес“, објави Кремљ.
Загриженост за вклучување на трети земји
Кремљ, исто така, соопшти дека Путин и катарскиот емир Тамим бин Хамад Ал Тани „изразиле загриженост за ризикот од ширење на конфликтот на Блискиот Исток и опасноста од вклучување на трети земји“ во телефонски разговор.
Рускиот претседател, според Кремљ, разговарал и со кралот на Бахреин.
Фото: ЕПА
Свет
Иран со предупредување: Ќе биде нападната која било американска база во Европа доколку е потребно
Военото движење Хезболах влезе во војната што Америка ја започна заедно со Израел со напаѓање на Иран. Сирени за тревога се огласија низ централен и јужен Израел утрово откако Иран започна нов напад. Во меѓувреме, Израел го нападна и Либан, пишуваат светските медиуми.
„Иран ќе нападне која било американска база во Европа“
Иран ќе нападне која било американска база во Европа доколку е потребно, предупреди денес иранскиот амбасадор во Шпанија, Реза Забиб. Тој додаде дека Иран „е земја која е способна да одговори и да реагира“, објави „Скај њуз“.
Во меѓувреме, шпанскиот министер за внатрешни работи, Фернандо Гранде-Марласка, нареди зголемени мерки за надзор и безбедност низ целата земја поради можни закани. Ова следеше по одбивањето на Шпанија да им дозволи на САД да користат заеднички воени бази на нејзина територија за да го нападнат Иран, што ги натера САД да повлечат неколку авиони KC-135 од своите бази во Кадис и Севиља.
Американските разорувачи „Балкли“ и „Рузвелт“, кои го напуштија Кадис минатата недела, учествуваа во нападите врз Иран, потврдија САД.
Министерството за одбрана на Катар денес објави дека катарските вооружени сили собориле два ирански борбени авиони „сухој Су-24“ од руско производство.
Фото: ЕПА

