Свет
Ричард станува ураган и оди кон Јукатан

Тропската бура Ричард се движи кон Централна Америка, а во петок претворајќи се во ураган ја погоди мина по должината на границата меѓу Хондурас и Никарагва, во регионот кој веќе два месеца е погоден од обилните дождови
Седуманесеттата именувана бура во Атлантикот оваа година ќе се засили во ураган овој викенд пред да да ги погоди Белизе и мексиканскиот полуостров Јукатан во понеделник, соопшти американскиот Национален центар за предвидување урагани, пренесува Reuters.Регионот на Централна Америка каде се значајните производства на кафе и шеќер, годинава претпре огромни штети на инфраструктурата и на културите по неколкуте сериозни бури ова лето.Владата на Хондурас по овие информации издаде предупредување за населението на крајбрежните региони, како и по должината на границата со Никарагва западно од градот Лимон.Бурите што бавно се движат, како што е примерот со Ричард, може да предизвика катастрофални штети повеќедневни обилни врнежи. На пример ураганот Мич, кој во 1998 г. бавно се движеше над Централна Америка предизвика катастрофи во кои загинаа повеќе од 11 илјади луѓе, најмногу во поплави и лизгање на земјиштето, со што стнаа втората по смртност бура што го погодила Атлантикот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
АП: ИДФ проценува дека има до 3.000 милитанти на Хамас во градот Газа

Израелски воен претставник, анонимно зборувајќи за Асошиејтед Прес (АП), изјави дека „главната фаза“ од операцијата во градот Газа започнала, при што трупите се движат од периферијата на градот кон неговиот центар. Воздушните напади го напаѓаат градот Газа веќе некое време како подготовка за операцијата, уривајќи облакодери во градот, објави АП.
Службеникот рече дека израелската војска проценува дека има приближно 2.000 до 3.000 милитанти на Хамас во градот Газа, како и тунели што ги користи милитантната група. Воените капацитети на Хамас се сериозно намалени за време на речиси двегодишната војна и сега главно извршува герилски напади, при што мали групи борци поставуваат експлозиви или напаѓаат воени позиции пред да се повлечат.
Свет
ЕУ го повика Израел да ја прекине офанзивата во Газа

Европската Унија денес го повика Израел да ја запре копнената инвазија на северна Газа. „Офанзивата ќе доведе до поголемо уништување, повеќе смртни случаи и поголемо раселување“, изјави портпаролот на Европската комисија, Ануар Ел Ануни. „Тоа исто така ќе ја влоши веќе катастрофалната хуманитарна ситуација и дополнително ќе ги загрози животите на заложниците“.
Шефицата за надворешна политика на ЕУ, Каја Калас, утре ќе презентира предлози до националните парламенти за зголемување на притисокот врз Израел во врска со неговата воена кампања во Газа, објави АП.
Замрзнување на средства за Израел
Минатата недела, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изјави дека ќе побара одобрение од земјите-членки на ЕУ за нови санкции против крајнодесничарските израелски екстремисти и делумно суспендирање на трговскиот договор со Израел.
Таа, исто така, изјави дека ќе замрзне милиони евра што извршната власт на ЕУ ги доделува на Израел, што нема да бара одобрение од сите земји-членки.
фото: принтскрин
Свет
(Видео) Објавена снимка како Израел го презема Појасот Газа

Израелската војска започна со проширување на копнените операции во градот Газа како дел од операцијата „Кочиите на Гидеон“, објави портпаролот на ИДФ.
„Во текот на изминатиот ден, активностите на ИДФ во градот Газа се одвиваа според оперативниот план и се очекува да се прошират во согласност со моменталната безбедносна проценка. Целта е да се постигнат воените цели во Газа и да се консолидираат придобивките постигнати за време на борбите“, се вели во објавата на Икс.
⭕️ IDF troops have begun expanding ground operations in Gaza City as part of Operation Gideon’s Chariots II
In the past day, IDF activity in Gaza City has began according to the operational plan, and is expected to expand in line with the current situational assessment.
Its aim… pic.twitter.com/dJBpd7wq1x
— Israel Defense Forces (@IDF) September 16, 2025
Тој, исто така, објави видео на кое се гледа проширувањето на областа што ИДФ ја зазеде во Појасот Газа.