Свет
САД ќе дадат две милијарди долари воена помош за Пакистан
САД најавија две милијарди долари воена помош за Пакистан, во обид да се смират тензиите меѓу двете земји поради американските критики за недоволната посветеност на Исламабад да ги искорени исламските милитанти од нивните прибежишта на негова територија, пренесува Reuters
„САД немаат посилен партнер во борбата против тероризмот и екстремистите кои им се закануваат и на двете земји“, рече американската државна секретарка Хилари Клинтон во најавата дека од конгресот ќе побара да го одобри петгодишниот пакет за воена помош, дадена по средбата со својот пакистански колега Шах Махмуд Кареши.Воената помош ќе се надоврзе на цивилната помош, вредна 7,5 милијарди долари, која конгресот веќе ја одбори.Помошта, најавена на третата рунда од американско-пакистанскиот стратешки дијалог беше клучно прашање за Пакистанците. Најавата помогна да се избалансира и фактот дека претседателот Барак Обама планира да го заобиколи Исламабад идниот месец кога ќе ја посети Индија.Пакистанскиот министер за надворешни работи ги отфрли критиките кои велат дека Пакистан не верува во борбата против милитантите, за кои се верува дека имаат затскриени врски со пакистанското разузнување.„Претскажувачите на црни сценарија за нашиот сојуз повторно се активни. Но, тие смртно грешат“, вели Кареши.Во меѓувреме, американскиот Стејт департмент соопшти дека „мал број на единици“ на пакистанската армија нема да добијат помош поради наводи за прекршување на човековите права.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Во Брисел се дискутира можноста за воведување царини на американски производи, јавува „Фајненшл тајмс“
Во Брисел во тек е итен состанок на европските амбасадори на кој се дискутира за можниот одговор на американските царини што ги воведе Доналд Трамп, пишува „Фајненшл тајмс“.
Една од главните опции што се разгледуваат е воведување царини на американски производи во вредност од 93 милијарди евра. Според изворите запознаени со состојбата, овој пакет на контрамерки бил ставен на чекање минатиот август откако Европската унија постигнала трговски договор со САД. Таа шестмесечна суспензија истекува следниот месец, освен ако Европската комисија не одлучи да ја продолжи.
Како друга можност се спомнува и ограничување на пристапот на американските компании на пазарот на ЕУ. Се очекува францускиот претседател Емануел Макрон да побара активирање на Инструментот против присила на ЕУ, механизам што им овозможува на членките да возвратат трговски мерки против земји што вршат економски притисок.
Досега најавите од состанокот не се објавени, бидејќи дискусијата сè уште е во тек.
Свет
Руте: Разговарав со Трамп за Гренланд
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп за безбедносната состојба на Гренланд и Арктикот. Разговорот се одржал телефонски, но Руте не наведе детали за содржината.
Тој најави дека ќе се сретне со Трамп следната недела на Светскиот економски форум во Давос, каде се очекува присуство на политичката и бизнис елита.
Контекстуално, разговорот доаѓа во време кога Трамп бара целосно сопствеништво над Гренланд, кој е автономна територија на Данска. Претходно, тој се закани со зголемени царини за осум земји што одлучија да испратат војници како поддршка на НАТО-вежбата на Гренланд.
Свет
Данска се обидува да го одврати Трамп од идејата дека мора да биде сопственик на Гренланд
Данскиот министер за надворешни работи, Ларс Леке Расмусен, изјави дека Копенхаген се обидува да го разубеди американскиот претседател Доналд Трамп од идејата дека мора да го поседува Гренланд.
Расмусен го изјави ова на прес-конференција во Осло, по средбата со својот норвешки колега. Тој нагласи дека вниманието кон Гренланд не треба да го засени фактот дека во Украина сè уште се води војна и дека е во критична фаза.
И покрај заканите од Вашингтон, Данска, според Расмусен, сака да продолжи со дипломатски пристап. По средбите во Вашингтон со потпретседателот на САД, Џеј Ди Ванс, и со државниот секретар Марко Рубио, решено е да се формира работна група на високо ниво која ќе разгледа дали постои заедничко решение. Првата средба се очекува во наредните недели.

