Свет
Најмалку 12 деца убиени на забава во Мексико
Најмалку 12 младинци на возраст од 14 до 20 години се убиени на забава во мексиканскиот град Сиудад Хуарез, соопштија мексиканските истражни органи, пренесува Assocaited Press
Според портпаролот на обвинителство на сојузната држава Чихуахуа, Фидел Бануелос, вооружени напаѓачи во три автомобили се довезле на забавата и отвориле оган. Во нападот биле ранети уште 18 луѓе, од кои најмладиот имал само девет години. Полицијата на местото на настанот пронашла 70 чаури од оружја кои се типични за нарко-бандите. Напаѓачите избегале и за сега полицијата нема осомничени за нападот.Сиудад Хуарез се наоѓа спроти Ел Пасо од другата страна на американско-мексиканската граница во сојузната држава Тексас. Сиудад Хуарез е еден од најопасните градови на светот со најголема стапка на убиства која најчесто е двоцифрена на дневно ниво. Неговата местоположба во близина на главниот пат за шверцот на дроги за богатиот американски пазар го направи градот боиште на нарко картелите и бандите кои се борат за превласт на теренот.Сиудад Хуарес со 1,3 милиони жители во сојузната мексиканска држава Чихуахуа е еден од најсмртоносните градови во светот. Во последните три години во него во војната со нарко картелите и локалните банди со кои се броат за превласт на шверцерските канали за дрога, се убиени околу четири илјади лица. Само во 2009 г. во градот беа регистрирани 2.635 убиства во овие пресметки, од вкупно 7.700 извршени во цело Мексико, што според статистиката изнесува 191 човек на 100 илјади жители.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Хамас: Израел ги враќа преговорите на почеток со измени на предлогот за прекин на огнот
Палестинската милитантна група Хамас соопшти дека Израел практично го отфрлил предлогот за прекин на огнот во Појасот Газа, откако на посредниците во преговорите им доставил амандмани на предлогот, со што преговорите се вратиле на самиот почеток.
Хамас соопшти дека ќе одржи консултации со палестинските фракции за да ја разгледа преговарачката стратегија, објави Ројтерс.
Индиректните разговори меѓу Израел и Хамас за договор за прекин на огнот во Појасот Газа и ослободувањето на заложниците се чини дека се заглавени без очигледен напредок, бидејќи Хамас рече дека нема намера да се откаже од предлогот веќе отфрлен од Израел.
Свет
Најмалку 60 лица се повредени во судир на воз и локомотива во Буенос Аирес
Најмалку 60 лица се повредени кога патнички воз се судрил со локомотива и празен вагон во главниот град на Аргентина, Буенос Аирес, соопштија локалните власти.
Пожарникарите, полицијата и брзата помош се на терен и помагаат да се префрлат повредените патници во болниците, објави Ројтерс.
Во судирот првиот вагон од патничкиот воз излета од шините и беше оштетен.
Свет
Најмалку 50 луѓе загинаа во поплавите во Авганистан
Најмалку 50 лица загинаа во Авганистан во поплави по обилните дождови во северната провинција Баглан, изјави портпаролот на Министерството за внатрешни работи, Абдул Матен Кание.
Тој посочи дека бројот на жртви може да се зголеми, пренесе Ројтерс.
Кание рече дека има поплави во повеќе од пет области во Баглан по обилните дождови и на некои домаќинства им е потребна итна помош.
Тој додаде дека за вечерва се предвидуваат две силни невремиња.
„Министерството за внатрешни работи испрати екипи и хеликоптери во областа, но поради недостиг на светла за ноќно гледање во хеликоптерите, операцијата можеби нема да биде успешна“, рече тој.
Најмалку 33 лица загинаа, а 27 се повредени во силните поплави предизвикани од сезонските дождови во средината на април во Авганистан.
Поплави во април го погодија главниот град Кабул и неколку провинции низ земјата.