Свет
Повик до муслиманите за „света војна“ против Западот
Портпаролот на Ал Каеда за САД, Адам Гадахн ги повикал муслиманите кои живеат во западните земји да преземаа напад против „ционистичко-крстоносната коалициаја“, пренесе специјалната интернет страница SITE која ги следи активностите на исламистичките радикални сајтови
„Секој кој е искрен во својата желба да го брани исламот и муслиманите денес, должен е да ја преземе иницијативата да ја спроведе индивидуалната обврска на џихад со напад на освојувачките интереси“, рекол Гадахн алудирајќи на интересите на Израел и Запад.„Мои браќа кои живеете на територијата на ционистичко-крстоносната коалиција, знајте дека светата војна е и ваша должност“, рекол Адам Гадахн, Тој им се обратил на муслиманите кои живеат в емигрантските заедници, како што се они „кои живеат на маргините од општествата во сиромашите предградија на Париз, Лондон и Детроит како и оние кои во САД и Европа доаѓаат да студираат или се „потрага по леб“.„Имате можност да ги удрите челниците на неверништвото и да им возвратите на нивната територија, се’ додека не постои сојуз меѓу вас и нив“, изјавил ГАдхн во видео пораката долга 48 минути и 20 секунди, објавен од страна на медиумскиот дел од Ал Каеда, Ас-Шабаб.Гадахн е роден 1978 г во јужна Калифорнија во ислам се преобратил во 1998 г. кога замила во Пакистан. Од 2004 г. се јавува во неколку видеа на Ал Каеда, наведува The Economic Times.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Израел: Способноста на Иран да лансира ракети ќе биде значително нарушена
Израел очекува способноста на Иран да испали балистички ракети да биде значително нарушена во следните 24 часа, изјавија двајца израелски функционери, како резултат на зголемените напади на САД и Израел. Според нив, се очекува фреквенцијата на иранските ракетни напади да се намали до вторник вечерта и да бидат испукани помалку ракети кон Израел, пренесуваат медиумите во регионот.
Во првите три дена од војната, САД и Израел погодија повеќе од 1.200 цели. Се очекува тој број да се удвои до вторник, по она што официјалните лица го опишаа како неуморно темпо на напади што започна во понеделник и се очекува да продолжи во текот на ноќта.
Еден од функционерите рече дека се очекува нападите на американските и израелските сили во понеделник вечерта да бидат насочени кон ракетни лансери, сили за внатрешна безбедност и цели на Револуционерната гарда. Американските и израелските функционери денес нагласуваат дека темпото и успехот на воздушната кампања досега ги надминале сите очекувања.
Свет
Иранската револуционерна гарда: „Непријателот нема да биде безбеден никаде во светот, дури ниту во своите домови“
Иранската револуционерна гарда, паравоена формација на која се потпира исламската влада во Техеран, денес се закани, по повод американско-израелските напади врз Иран, дека ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“ и дека непријателите нема да бидат безбедни „никаде во светот, дури ни во своите домови“, објавува CNN.
Како што објави иранската државна телевизија, Иранската револуционерна гарда соопшти дека неодамнешната загуба на врховниот лидер ајатолахот Ал Хамнеи и други високи функционери „не го потресе (Иран), туку само го направи посилен“.
Високо вооружената и организирана гарда – која постои паралелно со иранската армија и вклучува доброволни одреди – вети во соопштение дека Иран ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“.
„Непријателот треба да знае дека неговите среќни денови се завршени и дека повеќе нема да бидат безбедни никаде во светот, дури ни во своите домови“, се додава во соопштението што го пренесе CNN.
Регион
Дачиќ симнат од респиратор
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ денес е симнат од механичка вентилација, пренесува „Блиц“.
Медиумот пренесува дека министерот за здравство Златибор Лончар денес изјави дека здравствената состојба на министерот за внатрешни работи и претседател на Социјалистичката партија на Србија Ивица Дачиќ е подобра отколку што беше, додавајќи дека постојат причини за оптимизам, но и дека мерките за интензивно лекување и терапија продолжуваат.
„Неговата моментална состојба е подобра отколку што беше, што ни дава причина за оптимизам. Важно е што сè уште има многу работа да се направи, мерките за интензивно лекување и примената на интензивна терапија продолжуваат. Тоа е она што ќе го кажам во овој момент, а луѓето што го лекуваат ќе го објаснат подетално во текот на денот“, изјави Лончар за новинарите по посетата на здравствениот центар Вождовац.

