Свет
Сомнителен пакет приземји американски авион во Лондон
Најмалку два американски аеродрома беа во состојба на готовност во петок откако е пронајден сомнителен пакет во карго авион на американскат акомпанија UPS кој принудно слетал во Лондон, јави CNN повикувајќи се на извори од истрагата
Како што пренесува американската телевизиска мрежа, вистинската причина за принудното слетување на авионот кој летал на релација од Јемен до Чикаго, се уште не е соопштена. Според CNN, била пронајдена бомба поставена во патрон со тонер за печатач, што официјално не беше потврдено, иако во информацијата се додава дека пакетот бил „негативен“ на тестот за експлозив.Во меѓувреме, во Велика Британија, полицијата ги истражува информациите за сомнителен пакет на East Midlands Airport, рекол портпаролот на аеродромот, Расел Крег. Тој додал дека истрагата предизвикала минимален прекин, и тоа само во дистрибутивниот транспорт.Покрај на авионот во Лондон, проверки поради сомнителни пакети биле извршени и во уште три карго авиони на UPS кои летале за Њуарк во Њу Џерси, како во Филаделфија, Пенсилванија, како и во еден камион на американската карго компанија во Њујорк.Американсктие власти одговориле за CNN дека истрагата во Лондон не може веднаш да се поврзе со оние во Њу Џерси, Њујорк и во Пенсилванија.Инспекторите испитувале два авиона на UPS што слетале во Филаделфија на тамошниот меѓународен аеродром и уште еден во Њуарк на меѓународниот аердором „Либерти“, изјавил портпаролот на компанијата Мајк Монжо. Според него, проверките и вниманието било фокусирани на летови кои доаѓаат од Јемен во САД.Американската Управа за транспорт и безбедност соопштила дека властите дејствувале со голема претпазливост.„Авионите беа пренесени на оддалечени локации каде што се под контрола и проверка на полицијата и специјалните единици“, се наведува во соопштението на Управата што го пренесуваат американските медиумиУправата на UPS соопшти дека соработува со властите, како и дека нивните вработени биле изнесени од авионите. Во Филаделфија, три лица од екипажот на еден авион биле симнати и целосно скенирани што дали негативни резултати, соопштила тамошната пожарникарска служба. Типот на материјалите по кој се трага не е познат, рекол официјални претставници на службата. Во Њуарк инспекторите се уште го испитуваат авионот на UPS, изјавил портпаролот на компанијата Монжо.Во Њујорк, имало информација за експлозивна направа поставена во пакет во камион на UPS, изјавил заменик-началникот на полицијата, Пол Браун.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Стари книги обложени со отров отстранети од Француската национална библиотека
Властите отстранија четири книги од Француската национална библиотека поради можноста нивните корици да содржат отровен арсен. Имено, некои книги од 19 век, печатени во Британија, имаат смарагдно зелени корици. Арсенот често се користел за боење книги во тоа време.
Научниците од Универзитетот во Делавер во САД ги класифицираа отстранетите томови како потенцијално опасни, но библиотеката вели дека ракувањето со овие книги би предизвикало само мала штета на здравјето. „Ги ставивме во карантин овие дела. Ќе ги анализираме во лабораторија за да можеме да процениме колку арсен е присутен во секој том“, рече портпаролот на Француската национална библиотека, а пренесе Би-би-си.
Списокот на потенцијално опасни книги е составен од „Poison Book Proect“ , иницијатива покрената од научници од Универзитетот во Делавер во соработка со музејот Винтертур во Делавер. Од 2019 година, тимот тестираше стотици корици книги за тешки метали и состави листа на наслови кои се потенцијално опасни.
Издавачите од викторијанската ера користеле арсен за да ги обојат кориците. Светската здравствена организација (СЗО) предупреди на долгорочна изложеност на арсен во водата за пиење и храната, велејќи дека супстанцијата е многу токсична. Сепак, таа не дала никакви упатства за ракување со предмети што го содржат овој отров.
Во 2022 година, библиотекарите во Лидс, Англија открија ретка книга со арсен. Библиотекар ја открил потенцијално отровната книга додека ја споредувал збирката на библиотеката со базата на податоци на проектот „Poison Book“.
Свет
Мигранти плаќале 18.000 евра за превоз преку Ла Манш, биле сексуално експлоатирани
Виетнамска криминална мрежа беше пресечена со акција на полициите на Франција и Англија, со поддршка на Европол.
Оваа група шверцувала мигранти преку Ла Манш и организирала нивна сексуална и трудова експлоатација како и перење пари.
Главниот организатор, идентификуван како десна рака на водачот на оваа банда, го организирал шверцот, додека друг нивни соучесник бил задолжен за собирање пари и организирање на транспортот на мигрантите, кои плаќале од 15.000 до 18.000 евра за превоз преку каналот , соопшти Европол.
На пат од Полска за Франција, некои од мигрантите шверцувале метамфетамин во парискиот регион, снабдувајќи ги азиските групи за шверц на дрога со седиште во областа во замена за намалена цена на патувањето.
Уапсени се 16 членови на оваа група и одземени се разновидна луксузна стока, 100.000 евра во кеш и уште 298.000 евра на банкарски сметки.
Свет
(Видео) Израелски министер доживеа сообраќајка: автомобилот превртен
Автомобилот на министерот за национална безбедност на Израел, Итамар Бен Гвир се превртел при сообраќајна несреќа.
Полицијата соопшти дека во судирот учествувале две возила и дека три лица се пренесени во болница откако биле полесно повредени, додека службениот автомобил на министерот завршил на неговиот покрив.
השר בן גביר היה מעורב בתאונת דרכים סמוך לזירת הפיגוע ברמלה, מצבו קל
(אורלי אלקלעי) @OferHalfonKan pic.twitter.com/iDT6Aq0OIo
— כאן חדשות (@kann_news) April 26, 2024
Од кабинетот на Бен Гвир велат дека министерот е во добра состојба и свесен, но е префрлен на понатамошно лекување во блискиот медицински центар Шамир.
Сликите од местото на настанот покажуваат дека неговото службено возило се превртело, додека друг автомобил бил згмечен напред.
Полицијата соопшти дека ги истражува причините за несреќата.