Свет
Северна Кореја е спремна да ги предаде примероците од торпедата

Севернокорејските власти објавија дека се подготвени да ги предадат примероците од своите торпеда со што ќе докажат дека не се виновни за торпедирањето на јужнокорејскиот брод во март 2010 година, пренесува Хина.
По потопувањето на бродот на јужнокорејската воена морнарица во март годинава, во при што загинаа 48 морнари, Јужна Кореја за потопувањето го обвини својот сосед Северна Кореја.
Од самиот почеток на овој случај властите во Пјонгјанг тврдат дека не се одговорни за несреќата, а сега се спремни и на соработка со комисијата која ја истражува оваа несреќа.
Севернокорејските власти наведуваат дека деловите од алуминиумските легури кои се извадени од местото на потопување на бродот покажуваат дека торпедото не им припаѓа ним.
Торпедата на Севернокорејците се изработени од челични легури, а не од алуминиумски, произведени се во странска држава, тврди Пјонгјанг и додаваат дека се спремни да ги предадат своите примероци од торпедата на САД и Јужна Кореја./крај/хина/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Папата Франциско утре ќе биде отпуштен од болница, но треба да се навикне пак да зборува

Папата Франциско утре ќе биде отпуштен од болница по повеќе од пет недели, велат лекарите, јави ДПА.
Кардиналот Виктор Мануел Фернандез вчера изјави дека папата добро реагира на лекувањето за пневмонија, но треба повторно да се навикне да зборува.
Осумдесет и осумгодишниот поглавар на Римокатоличката црква беше хоспитализиран во болницата „Џемели“ во Рим од 14 февруари, откако му беше дијагностицирана двојна пневмонија.
Регион
Драма во Белград на Сава: Пријавиле дека виделе тело во реката

Полициски патроли и екипи на Итна помош денеска се упатиле кон кејот на Сава откако добиле дојава дека во реката Сава во Белград е забележано безживотно тело.
Нешто по 16:00 часот е добиена дојава дека на водата во близина на познат белградски ресторан е забележано безживотно тело. На лице место е полициска патрола.
Свет
343 лица се приведени на протестите во Турција

Турските власти привеле 343 лица на протестите што се одржаа синоќа во повеќе градови во Турција поради апсењето на градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, главен ривал на претседателот Реџеп Тајип Ердоган, пренесува ДПА.
Демонстрации се одржаа во десетина градови, вклучувајќи ги Истанбул и престолнината Анкара.
Турското Министерство за внатрешни работи соопшти дека приведувањата се направени за да се спречат „нарушувања на јавниот ред“ и предупреди дека властите нема да толерираат „хаос и провокации“.
Десетици илјади Турци учествуваат во главно мирни демонстрации од средата, кога Имамоглу беше приведен под обвинение за корупција и помагање на терористичка група, заедно со уште 103 други осомничени.