Свет
Шпионирање на новинари во Франција
Парламентарната комисија денеска го сослуша шефот на француската разузнавачка служба и началникот на националната полиција, за истрагата околу аферата за прислушувањето на новинири со која се поврзува и францускиот претседател Никола Саркози, пренесе агенцијата Хина.
Француската парламентарна Комисија го испрашувала и главниот директор на Националната полиција и шефот на Централната разузнавачка внатрешна администрација, меѓутоа парламентарните извори не сакаат да кажат нешто во врска со содржината на извештаите.
Неделниот весник „Окован патор“ објави дека Саркози го наредил следењето на новинарите, но Владата го негираше тоа.
„Кога еден новинар почнува непријатна истрага за него (Саркози) или неговите луѓе, тогаш Саркози „бара“ од шефот на Централната разузнавачка внатрешна администрација да започне „надзор’ на тој новинар, пишува неделниот магазин „Окован патор“.
„Окованиот патор“ остана доследен на тоа што пишуваше и покрај владините деманти.
Централната разузнавачка внатрешна администрација беше критикувана поради тоа што истражуваше кој е одговорен што во јавноста се откри аферата за милионската илегална донација на партијата на Саркози во која се вмешани наследникот на фирмата „Лореал“ и министерот за труд./крај/хи/пк.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“
Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“
Папата Лав XIV му испрати силна порака на американскиот претседател додека зборуваше во Ватикан во неделата.
„Со длабока загриженост го следам она што се случува на Блискиот Исток и во Иран во текот на ова бурно време“, истакна Папата во својот говор.
Свет
Едно лице загина, а 32 се повредени во Кувајт
Министерството за здравство на Кувајт соопшти дека едно лице е убиено, а 32 се ранети „поради актуелните случувања во регионот“.
Повредените се лекуваат во болницата Ал-Адан, соопшти Министерството.
Свет
Масовно пукање во Америка, најмалку тројца мртви
Најмалку три лица се убиени, а 14 повредени во масовно пукање што се случи денеска во бар во Остин, Тексас, соопшти полицијата. Сите 14 повредени се однесени во болница, а тројца се во критична состојба.
Полицијата потврди дека осомничениот за нападот е убиен на местото на настанот во размена на оган со полицајците.
Властите сè уште не го објавија идентитетот на напаѓачот ниту коментираа за можен мотив за нападот.

