Свет
Викиликс планира да објави нови доверливи документи

Основачот на Викиликс, Џилиан Асанге изјавил денеска во Женева дека следниот месец ќе објави нови доверливи документи за неколку држави меѓу кои се и САД.
Откако на својата интернет страница објави околу 400 илјади тајни документи за војната во Ирак што се смета за најголема објава на тајни документи во историјата, Асанге оценил дека е време САД да се отвори, наместо да ги прикрива тајните.
„САД е во опасност да ја предаде својата традиција“, изјавил Асанге за традицијата на земјата која со гордост ја истакнуваше слободата на изразување и објаснил дека законот нема никаква смисла ако не го почитува и владата.
Викиликс објави 400 илјади извештаи кои откриваат дека американската војска не се обидувала да ги спречи мачењата што ги вршеле иранските сили, рекол Асанге пред новинарите во Женева.
Асанге патува во придружба на телохранители и тврди дека и тие се негова екипа под притисокот и заканите од Пентагон./крај/хи/бч
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Русија се заканува: наскоро ќе го освои светот со своите сателити слични на „Старлинк“

Руски сателитски систем ќе нуди широкопојасен пристап до интернет во сите делови од светот.
Русија наскоро ќе има свој сателитски систем сличен на американскиот „Старлинк“, изјави генералниот директор на Роскосмос, Дмитриј Баканов.
За време на гостувањето во емисијата „Соловиев во живо“, Баканов објави дека наскоро ќе бидат достапни руски терминали, кои ќе обезбедат слична услуга како „Старлинк“ – широкопојасен пристап до интернет во сите делови од светот, објави ТАСС.
Системот „Старлинк“, во сопственост на милијардерот Илон Маск и неговата компанија „Спејс Икс“, обезбедува глобален пристап до интернет.
Украинските војници, рече тој, активно го користат системот во борбени зони, а терминалите им ги обезбедиле нивните „западни сојузници“.
Вицепремиерот на Украина, Михаил Федоров, изјави дека украинските вооружени сили користат повеќе од 50.000 терминали на „Старлинк“, а руските сили повеќе пати идентификувале и напаѓале станици на „Старлинк“ во Источниот воен округ, објави ТАСС.
Регион
(Видео) Во Албанија, бот-министерката одржа говор, некои пратеници ја исвиркаа

Виртуелната министерка на албанската влада, Диела, генерирана од вештачка интелигенција, денес „одржа говор“ во парламентот, застапувајќи ја програмата на премиерот Еди Рама, среде исвиркувања од опозицијата.
Диела, која свечено беше најавена од Рама на почетокот на септември, е „одговорна“ за сите одлуки во тендерите за јавни набавки. Во тоа време, премиерот рече дека тендерите „ќе бидат 100 проценти без корупција, а секој јавен долар доставен во тендерскиот процес ќе биде целосно транспарентен“.
Именувањето на виртуелниот министер ја налути опозицијата.
„Целта е само да се привлече внимание“, рече денес поранешниот премиер и лидер на опозицијата Сали Бериша, кој самиот е обвинет за корупција.
„Невозможно е да се ограничи корупцијата со Диела. Кој ќе ја контролира Диела? Диела е неуставна, а Демократската партија ќе го однесе ова прашање до Уставниот суд“, предупреди Бериша.
Диела „рече“ дека Уставот зборува за должности, одговорности, транспарентност, без дискриминација.
„Ве уверувам, ги отелотворувам овие вредности подеднакво ригорозно како и секој човечки колега. Можеби дури и повеќе“, рече виртуелната министерка.
Рама го прекина говорот на Деиела поради исвиркувањата од опозицијата, но програмата на неговата влада сепак беше одобрена со 82 гласа „за“. Опозицијата го бојкотираше гласањето.
Свет
(Видео) Израел има ново моќно оружје: како функционира „Железниот зрак“

Израел го постави првиот ефикасен и борбено тестиран систем за ласерско пресретнување во светот, изјави поранешниот израелски премиер Нафтали Бенет.
„Компанијата „Рафаел Индустрис“ денес официјално го објави пуштањето во продажба на овој систем. Тој веќе собори десетици ракети, беспилотни летала, па дури и минофрлачи“, соопшти Бенет на Икс.
„Ова најавува длабока промена во воената историја: Оружје со брзина на светлината. Во моментот кога ќе видиме ракета, ја погодуваме. Нема временско одложување“, додаде тој.
Breaking news:
Israel has deployed the world’s first *effective and battle-tested* laser interception system.Rafael Industries announced today the official release of this system.
It’s already taken down dozens of rockets, UAVs and even mortars.
This spells a profound… pic.twitter.com/0DLe8IvURZ
— Naftali Bennett נפתלי בנט (@naftalibennett) September 17, 2025
Според Нафтали, цената на пресретнувањето е 2 долари, колку што се плаќа за струја, додека цената на системот „Железна купола“ по пресретнување била околу 60.000 долари.
„Ова целосно ја менува економијата на војната. Едноставно ќе ги банкротираме нашите непријатели. Ќе биде потребно време за целосно да се развие ова, но брзо ќе го подобриме дометот и моќноста на зракот“, рече Бенет.
„Подоцна ќе го поставиме во вселената, за да можеме да пресретнуваме балистички ракети. Ова ќе промени сè“, заклучи Бенет во објавата.
Израелското Министерство за одбрана неодамна изјави дека „Железниот зрак“ „покажал ефикасност во својата целосна оперативна конфигурација со пресретнување на ракети, минофрлачки гранати, авиони и беспилотни летала во широк спектар на оперативни сценарија“.
„Ова е прв пат во светот високопрофилен систем за ласерско пресретнување да достигне целосна оперативна зрелост“, рече израелскиот генерал Амир Барам.
фото: принтскрин