Свет
Најмалку 66 загинати во нападот на џамија во Пакистан
Бројката загианти во самоубиствениот бомбашки напад врз џамијата во близина на градот Дара Адам Кхел во северо-западниот дел на Пакистан, извештаи на телевизискиот канал Aadzh, повикувајќи се на полициски извори
За време на петочната молитва, бомбаш-самоубиец се разнесе со моќна експлозивна направа зацврстена за неговото тело во џамија во селото во близина на гратчето Дара Адам Кхел, предградие на Пешавар прстолнината на првоицнцијат Кибер-Пактунква. Моќната експлозија го урнала покривот на џамијата. Според последните извештаи, 66 лица загинале а повеќе од сто се повредени. Меѓу загинатите имало најмалку 11 деца.Властите страхуваат дека бројката на жртвите може да се зголеми, бидејќи многу од жртвите се во критична состојба, пренесува Reuters.Терористичкиот напад во џамија во текот молитвата кога имало најмалку 300 верници најжестоко го осудија пакистанскиот премиер Јусуф Раза Гилани и претседателот Асиф Али Зардари.Официјални лица изјавија дека џамијата била сопственост на про-владини племенски старешина, кој би можел да биде цел на нападот, но нема информации дали тој настрадал во експплозијата.Според извештаите на медиумите, одговорноста за овој напад го преземала една од радикалните исламистички групу поврзани со „Талибанското движење на Пакистан“ (Лашкар-ел-Таиба).Гратчето Дара Адама Кхел е познато како центар за производство и трговија со оружје во Пакистан, кое се наоѓа во болизната на ткн. паштунска племенска област во блзиина на границата со Авганистан.Племенската зона е засебна територија на Пакистан во која не важат федералните закони и каде полициските сили немаат големи овластувања. Областа заради планинските тешко пристапни предели е користена од талибаните од соседен Авганистан и припадниците на Ал Каеда кој пакистанските власти ги прогласија за „непочитувачи на нормите на исламот.”Пакистанските медиуми проценуваат дека од 2007 г. како резултат на терористичките напади во земјата се убиени околу 3.300 илјади луѓе.Ова е најголемиот напад во Пакистан по самоубиствениот бомбашки напад од септември врз поворка на шиитските муслимани во југозападниот град Кета кога загинаа 54 луѓе.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Израел: Способноста на Иран да лансира ракети ќе биде значително нарушена
Израел очекува способноста на Иран да испали балистички ракети да биде значително нарушена во следните 24 часа, изјавија двајца израелски функционери, како резултат на зголемените напади на САД и Израел. Според нив, се очекува фреквенцијата на иранските ракетни напади да се намали до вторник вечерта и да бидат испукани помалку ракети кон Израел, пренесуваат медиумите во регионот.
Во првите три дена од војната, САД и Израел погодија повеќе од 1.200 цели. Се очекува тој број да се удвои до вторник, по она што официјалните лица го опишаа како неуморно темпо на напади што започна во понеделник и се очекува да продолжи во текот на ноќта.
Еден од функционерите рече дека се очекува нападите на американските и израелските сили во понеделник вечерта да бидат насочени кон ракетни лансери, сили за внатрешна безбедност и цели на Револуционерната гарда. Американските и израелските функционери денес нагласуваат дека темпото и успехот на воздушната кампања досега ги надминале сите очекувања.
Свет
Иранската револуционерна гарда: „Непријателот нема да биде безбеден никаде во светот, дури ниту во своите домови“
Иранската револуционерна гарда, паравоена формација на која се потпира исламската влада во Техеран, денес се закани, по повод американско-израелските напади врз Иран, дека ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“ и дека непријателите нема да бидат безбедни „никаде во светот, дури ни во своите домови“, објавува CNN.
Како што објави иранската државна телевизија, Иранската револуционерна гарда соопшти дека неодамнешната загуба на врховниот лидер ајатолахот Ал Хамнеи и други високи функционери „не го потресе (Иран), туку само го направи посилен“.
Високо вооружената и организирана гарда – која постои паралелно со иранската армија и вклучува доброволни одреди – вети во соопштение дека Иран ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“.
„Непријателот треба да знае дека неговите среќни денови се завршени и дека повеќе нема да бидат безбедни никаде во светот, дури ни во своите домови“, се додава во соопштението што го пренесе CNN.
Регион
Дачиќ симнат од респиратор
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ денес е симнат од механичка вентилација, пренесува „Блиц“.
Медиумот пренесува дека министерот за здравство Златибор Лончар денес изјави дека здравствената состојба на министерот за внатрешни работи и претседател на Социјалистичката партија на Србија Ивица Дачиќ е подобра отколку што беше, додавајќи дека постојат причини за оптимизам, но и дека мерките за интензивно лекување и терапија продолжуваат.
„Неговата моментална состојба е подобра отколку што беше, што ни дава причина за оптимизам. Важно е што сè уште има многу работа да се направи, мерките за интензивно лекување и примената на интензивна терапија продолжуваат. Тоа е она што ќе го кажам во овој момент, а луѓето што го лекуваат ќе го објаснат подетално во текот на денот“, изјави Лончар за новинарите по посетата на здравствениот центар Вождовац.

