Свет
Маршеви и апсења на годишнината на Октомвриската револуција
Руските сили за безбедност, денеска уапсија десетици активисти на левичарски опозициски групи во рамките на маршот, по повод годишнината од Октомвриската револуција во 1917 година.
Руските сили уапсиле околу 100 активисти во Санкт Петербург, кои беа дел од протестите на Комунистичката партија. Екстремниот левичар, Едвард Сок, објави дека уапсените се членови на неговата новоформирана партија „Другата Русија“. Безбедносните сили ги одвоиле активистите од колоната која марширала кон крстосувачот „Аурора“, симболот на Октомвриската револуција.
Во исто време, водачот на радикалната група „Лев фронт“, Сергеј Удалцов, соопшти дека тој и други активисти биле уапсени при сличен марш во Москва. Удалцов рече дека апсењата биле извршени грубо, со примена на сила, а еден од неговите активисти завршил со скршен нос.крај/макфакс/н.ц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

