Свет
Околу 10.000 луѓе од Мијанмар бегаат во Тајланд
Пред конфликтите помеѓу бунтовниците кои се припадници на каренската етничка група и мијанмарската војска, околу 10.000 каренци пребегнале во Тајланд рече гувернерот на тајландската покраина Так, Самарат Лојфах, а пренесува Хина.
Бунтовничката Демократско-будистичка војска на Карен (ДКБА), на првите избори одржани по 20 години во Мијанмар ги обележа со заземање на поштите и на полициската станица во еден град на околу 350 километри северозападно од Бангкок.
Мијанмарската полиција одговорила на нападот, а во конфликтот загинале три цивили, а ранети се десетина луѓе. Конфликтот принудил 10.000 луѓе да побегнат од Мијанмар во тајландскиот град Мае Сот во покраината Так.
Според еден чиновник во покраината, бегалци сеуште пристигнуваат во бараките преку реката Мои. Помеѓу двата града во Мијанмар и Тајланд, постои мост кој е затворен од август поради дипломатските недоразбирања меѓу двете земји.
„Во овој случај се работи за внатрешен мијанмарски проблем. Следните месеци очекуваме конфликтите да продолжат“, рече тајландскиот премиер Абисит Вејџаива. Карените се двомилионски народ кој живее на самата граница помеѓу Мијанмар и Тајланд. Бунтовничките групи со години веќе водат герилски борби./крај/хина/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.
Свет
Поранешниот ирански претседател Махмуд Ахмадинеџад убиен во напади откако ракета погодила дом
Според извештаите на израелските медиуми, поранешен претседател е убиен во најновата рунда напади. Поранешниот ирански претседател Махмуд Ахмадинеџад наводно е убиен во израелските и американските напади врз Иран.
Иранските новински агенции потврдија дека поранешниот претседател на Иран, Махмуд Ахмадинеџад, е убиен во воздушни напади. Израелските медиуми објавија за убиството, опишувајќи го како дел од тековната кампања насочена кон високи ирански личности. Ахмадинеџад беше претседател на Иран од 2005 до 2013 година.
Свет
Нетанјаху најави дека израелските напади врз Иран ќе се интензивираат
Нападите на Израел врз Иран ќе продолжат да се интензивираат, вели израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху по состанокот со министерот за одбрана Израел Кац, началникот на Генералштабот на ИДФ, генерал-потполковник Ејал Замир, и шефот на Мосад, Дејвид Барнеа.
„Нашите сили сега напаѓаат во срцето на Техеран со зголемен интензитет, а ова само ќе се интензивира дополнително во наредните денови“, вели Нетанјаху од покривот на седиштето на ИДФ Кирја во Тел Авив.
„Сепак, ова се болни денови“, вели тој, осврнувајќи се на смртоносните ирански напади во Тел Авив и Беит Шемеш.
„Моето срце е со семејствата и во име на сите вас, граѓаните на Израел, им испраќам желби за брзо закрепнување на ранетите.“

