Свет
Иран ќе тестира домашни противвоздушни системи
е подготвен да го тестира противвоздушниот одбранбен систем од домашно производство, кој е многу сличен со рускиот систем „С-300“ и кој Русија одби да му го испорача на Техеран, јавува Риа НовостиРусија во 2007 година потпиша договор со Иран за испорака на пет батерии на „С-300ПМУ-1“, но ја забрани продажбата во септември годинава, поради тоа што системот, како и повеќе други видови на оружја, подлежи на четвртата рунда санкции наметната од Советот за безбедност на ОН поради иранската нуклеарна програма. „Ракетни одбранбени системи слични на „С-300“ наскоро ќе ја имаат првата полигонска проба и модификации, а во подготовка се и други далекуметни системи“, изјави иранскиот бригаден генерал Мохамад Хасан Мансуриан. Тој додаде и дека воздушните сили наскоро ќе бидат зајакнати со нови генерации на проектилите „Мерсад“ и „Шахин“. Подобрената верзија на „С-300“ ма дострел од преку 150 километри и може да пресретнува балистички проектили и воздухоплови на мали и на големи висини, со што е многу ефикасна алатка при спречувањето на можните воздушни напади. Русија до сега на Иран му има испорачано 29 „Тор-М1“ противвоздушни одбранбени системи, согласно со договорот од 2005 година, вреден 700 милиони долари. /крај/риа/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

