Свет
САД: Фондацијата за жртвите на холокаустот измаменa за 42 милиони долари
Шестмина вработени и чувари на Организацијата за жртвите на холокаустот во Њујорк, се обвинети за измама во која Фондацијата е оштетена за 42 милиони долари, објавија денеска весникот „Њујорк тајмс“, пренесува агенцијата Хина.
Во обвинителниот акт, кој беше отворен вчера од страна на федералниот обвинител на Менхетен, се наоѓаат и имињата на останатите 11 обвинети надворешни соработници, кои ги регрутирале кандидатите на Фондацијата.
Во обвинението се наведува дека обвинетите повеќе од 16 години користеле лажни документи за идентификација, фалсификувале државни извештаи и информации за историјата на холокаустот за потребите на Фондацијата.
Заговорот бил насочен кон две програми на Фондацијата. „Хардшип“ фонд, преку кој се плаќа отштетата на Евреите кои станале бегалци, бегајќи од нацистите, од кои повеќето се упатиле кон земјите од поранешниот советски блок. Просечен еднократен надоместок за нив изнесувал 3600 долари.
Втората програма е фондот „Артикл 2 “, за Евреите, кои живееле скриени под лажен идентитет во работничките и во концентрационите логори, со месечни исплати од 411 долари, на преживеаните кои имаат годишни приходи помал од 16 илјади долари, пренесува „Њујорк Тајмс“.
Истражните органи на ФБИ пронашле околу 5 илјади лажни барања за првата програма со загуба од околу 18 милиони долари, и 685 лажни барања за втората програма, со загуба од околу 24, 5 милиони долари.
Меѓу обвинетите е и Семен Домнитсер, директор на овие две програми на фондацијата, кој е обвинет како водач на целиот заговор кој ги одобрувал спорните барања./крај/хи/пк.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Белгија издвојува девет милиони евра за украинската енергетска инфраструктура
Белгија ќе додели дополнителна помош од девет милиони евра за да придонесе за поправка на оштетената енергетска инфраструктура во Украина, најави белгиската министерка за развојна соработка, Каролин Генез.
„Преку ОН, Белгија ќе придонесе за поправка на енергетската инфраструктура околу градот Харков, кој сега секојдневно трпи бомбардирање од руската армија. Со воена поддршка, овие средства ќе помогнат да се изгради отпорноста на Украина“, рече министерот, пренесува RTBF.
Според неа, Белгија ќе одвои средства за поддршка на проекти во рамките на Програмата за развој на Обединетите нации, која е специјализирана за економски развој.
Свет
Генералното собрание на ОН го повика Советот за безбедност да ја прими Палестина за членка
Генералното собрание на Обединетите нации ги зајакна правата на Палестина во рамките на организацијата и повика таа да биде прифатена како членка, пренесува Би-Би-Си.
Палестина има статус на земја-набљудувач не-членка од 2012 година, што дозволува некои права помалку од полноправна членка.
За членството може да одлучува само Советот за безбедност на ОН.
САД неодамна ставија вето на кандидатурата за полноправно членство, но гласањето денска може да се смета како гест на поддршка за Палестинците.
Палестинскиот претседател Махмуд Абас ја поздрави резолуцијата, велејќи дека таа ги поддржува палестинските напори за уште едно гласање за ова прашање од страна на Советот за безбедност.
Свет
Шпанија, Ирска и Словенија ќе ја признаат Палестина на 21 мај
Шпанија, Ирска и Словенија планираат симболично да ја признаат Палестинската држава на 21 мај, изјави шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел.
Тој го потврди датумот во интервју за шпанското јавно радио, откако ирскиот јавен радиодифузен сервис РТЕ објави дека тоа е моментот кога сите три земји планирале да дејствуваат.
Словенечката влада вчера соопшти дека донела декрет за признавање на палестинска држава, што ќе биде внесен во нејзиниот парламент до средината на јуни.
Потоа, најверојатно ќе има повеќе нации што ќе го следат примерот бидејќи и Белгија одлучи да го стори тоа, додаде Борел.