Свет
Нови фотографии за предупредување на кутиите со цигари
Американската федерална влада денеска изрази надеж дека новите фотографии за предупредување на кутиите со цигари, со слики од трупови, пациенти заболени од рак на бели дробови и забите ќе им помогнат на пушачите во откажувањето на цигарите, пренесува агенцијата Бета.
Овие слики се дел од новата кампања на американското Министерство за здравство во борбата против пушењето.
Пушењето во САД официјално се смета за најголема причина за смртност што може да се избегне. Се тврди дека во САД како резултат на последиците од пушењето годишно умираат 443 илјади луѓе, од кои 50 илјади се пасивни пушачи.
„Денеска министерството за здравство презема чекор за намалување на болестите и спречување на смртта која е предизвикана од пушењето и предлага поинаков изглед на фотографиите на кутиите со цигари“, изјавил претставник на Министерството за здравство.
Беа предложени 36 графички прикази со речениците „Пушењето може да ве убие“ и „Цигарите предизвикуваат рак“. Проиводителите на цигари ќе имаат 15 месеци да почнат со употреба на новите фотографии, кои ќе го заземат поголемиот дел на кутиите за цигари./крај/бе/пк
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Либанската влада ги забрани воените активности на Хезболах
Либанската влада денеска ги забрани воените активности на Хезболах, откако организацијата отвори оган врз Израел, наведувајќи дека станува збор за одмазда за убиството на иранскиот врховен водач.
Израел претходно изврши воздушни напади врз јужните предградија на Бејрут под контрола на Хезболах и врз други делови на Либан, како одговор на напад со дрон и ракети. Според либанското Министерство за здравство, во нападите загинале 31 лице.
По седницата на владата, премиерот Наваф Салам изјави дека државата ги отфрла сите воени дејства што се спроведуваат од либанска територија надвор од легитимните институции. Тој посочи дека активностите на Хезболах се незаконски и дека организацијата треба да го предаде оружјето на либанската држава.
Фото: Depositphotos
Свет
Иран ги затвори училиштата
Сите образовни установи во Иран ќе бидат затворени до крајот на март, а наставата ќе се одвива онлајн, објави новинската агенција Тасним.
Портпаролот на Министерството за образование изјавил дека мерката е воведена како одговор на „воената агресија на ционистичкиот режим со поддршка од САД“.
Одлуката ќе важи до крајот на персиската календарска година, односно до 21 март.
Фото: Depositphotos
Свет
Израелската војска повика на итна евакуација во јужен Бејрут
Израелските одбранбени сили (ИДФ) издадоа обемен налог за евакуација на делови од јужен Бејрут, додека продолжуваат нападите врз цели на Хезболах во Либан.
Во објава на платформата Икс, портпаролот на ИДФ, Авихај Адраеи, наведе дека лицата во зоната за евакуација се наоѓаат во близина на „објекти и интереси поврзани со Хезболах“.
„Поради ваша безбедност и безбедноста на членовите на вашето семејство, мора веднаш да ја евакуирате оваа зграда и соседните објекти и да се оддалечите од нив на најмалку 300 метри“, се наведува во пораката.
Фото: Depositphotos

