Свет
Иванов е горд со македонските војници во Авганистан
Македонија треба да се гордее со учеството на своите војници во мисијата ИСАФ, бидејќи тие на најдобар начин ги претставуваат сите реформи во армијата, како и до каде се подготовките за нашето членство во НАТО, изјави претседателот Иванов, кој е во прва посета на македонските војници во Авганистан
Претседателот Ѓорге Иванов нагласил дека иако се уште Македонија не е членка на НАТО, во мисијата ИСАФ во Авганистан покажува оти ги исполнува сите обврски и се однесува како и сите земји-членки на Алијансата. Тој потенцира дека македонските мировници во оваа мисија придонесуваат и за светскиот мир и за градењето на институциите во Авганистан.„Нашите војници професионално ги извршуваат сите обврски. Почитувани се од колегите, но и од локалното население. Иако сме мала држава, на овој начин придонесуваме да се стабилизира еден дел од светот“, рекол Иванов и додаде оти ова искуство ќе им помогне на нашите војници и за следните мисии.Шефот на македонската држава во чертвртокто остварил средба со највисокиот цивилен претставник на НАТО во Авганистан, Марк Седвил. На средбата, амбасадорот Седвил го информирал Иванов за постигнувањето и придонесот на македонските војници во мисијата ИСАФ при што изразил задоволство и ја потенцирал нивната професионалност и посветеност во извршувањето на задачите. Се разговарало и за придонесот на Република Македонија во ИСАФ, за достигнувањата во процесот на транзиција, напредокот на демократските процеси во Авганистан и градењето на капацитетите на авганистанските безбедносни сили.Доцна попладне во четврток Иванов треба да се сретне и со генералот Дејвид Петреус, командант на ИСАФ во Авганистан.Придонесот на Македонија во мисијата ИСАФ почна во август 2002 година, со симболично испраќање на двајца офицери во рамки на турскиот контингент. Во моментов Република Македонија во ИСАФ учествува со 242 војници, распоредени во четири поголеми контингенти. Досега во оваа мисија учествувале повеќе од 1.500 македонски војници.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Српска инфлуенсерка од Дубаи: Се слушаат удари, некои луѓе не сфаќаат што се случува
Српските инфлуенсерки Сара и Ања Дамњановиќ се наоѓаат во Дубаи, каде, како што велат, изминатите денови се слушаат експлозии по нападите во регионот.
Сара во видео објава раскажа дека тие биле евакуирани од стан и се преселиле во хотел на понизок кат поради безбедност, пренесе „Б92“.
View this post on Instagram
„Последниот силен удар го слушнав вчера наутро и ме разбуди. Кога бевме на 24. кат, зградата се тресеше и се слушаше силен звук“, изјави таа.
Додава дека ситуацијата е различна во зависност од делот на градот – додека некаде се активираат аларми и има евакуации, на други места луѓето седат во кафулиња и сè изгледа нормално.
Инфлуенсерката вели дека лично не паничи, но е загрижена поради големиот број информации и лажни видеа што се шират на социјалните мрежи.
Таа опиша и момент кога, трчајќи кон гаража, видела што се случува на небото и дека хотел на околу два километри од нив бил погоден. И покрај тензијата, вели дека градот функционира релативно нормално, иако понекогаш сообраќајот кратко се прекинува по нападите.
Фото: Depositphotos
Свет
Франција испрати борбени авиони „Рафал“ во своите бази на Емиратите
Франција распореди борбени авиони „Рафал“ во своите воени бази во Обединетите Арапски Емирати со задача да го обезбедуваат воздушниот простор над базите, изјави францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро.
Тој за телевизијата „БФМТВ“ изјави дека авионите спровеле операции за обезбедување на воздушниот простор, но не изнесе дополнителни детали за мисијата.
Распоредувањето доаѓа во време на ескалација на конфликтот на Блискиот Исток.
Свет
Израелски шпиони ги хакирале речиси сите сообраќајни камери во Техеран за да го испланираат убиството на ајатолахот Али Хамнеи
Израелските шпиони со години ги хакирале речиси сите сообраќајни камери во Техеран за да ги следат движењата на ајатолахот Али Хамнеи во невидена кампања за собирање разузнавачки информации, објави синоќа британски „Индипендент“.
Службениците ги надгледувале високо обучените и лојални обезбедувачи, телохранители и возачи на високи ирански функционери за да го забележат нивниот „модел на живот“, објави „Фајненшл тајмс“.
Овие податоци во реално време, вклучително и од камерите фокусирани на личниот комплекс на Хамнеи, биле шифрирани и пренесени назад до серверите во Тел Авив и јужен Израел.
Тие беа во можност да утврдат каде стражарите ќе ги паркираат своите автомобили преку инфилтрирана безбедносна камера свртена кон домот на ајатолахот.
„Го знаевме Техеран како што го знаеме Ерусалим“, изјави за весникот сегашен израелски разузнавачки службеник.
„И кога го познавате (местото) исто толку добро колку што ја познавате улицата на која сте пораснале, го забележувате секое нешто што не е на свое место“.
Планот за убиство на ајатолахот постоел со месеци и бил изменет кога се дознало дека врховниот лидер лично ќе присуствува на состанок кај него дома, изјавија официјални лица.
На денот на атентатот, израелските разузнавачи ги користеле податоците од сообраќајните камери, преку нив го потврдиле реалното време на состанокот.
Израелската војска соопшти дека нападите биле извршени во текот на денот за да се создаде елемент на шок и „му дозволиле на Израел да постигне тактичко изненадување по вторпат, и покрај силната иранска подготвеност“.
Мобилните телефонски услуги и комуникациските мрежи биле прекинати во обид да го остават Иран „зашеметен и збунет“, според генералот Ден Кејн, началник на заедничкиот штаб. „Координираните вселенски и сајбер операции ефикасно ги нарушија комуникациските и сензорските мрежи низ целата зона на одговорност, оставајќи го противникот без можност да гледа, координира или ефикасно да реагира“, рече тој.
Претседателот Доналд Трамп во интервју за „Фокс њус“, по нападот рече дека иранскиот лидер „бил елиминиран заедно со неговиот најблизок круг додека се собирале на појадок“.

