Свет
Русија и Јапонија ги затоплуваат односите
Шефовите на дипломатиите на Русија и Јапонија, Сергеј Лавров и Сеичи Маехара се договорија денеска во Јокохама да ги унапредат односите, по недоразбирањата околу спорната група на острови во Пацификот
„Се сложивме дека унапредувањето на соработката на двата важни соседи во азиско-пацифичкиот регион ќе биде стратешки корисно за двете држави“, стои во соопштението на јапонското министерство за надворешни работи.Притоа се наведува дека Лавров и Маехара искрено и отворено размениле ставови и се согласиле дека двете држави треба да ја искористат секоја можност за подобрување на односите.Средбата на двајцата министри е прв позначаен контакт, откако Јапонија остро реагираше на неодамнешната посета на рускиот претседател Дмитриј Медведев на Курилските острови, околу кои Русија и Јапонија спорат веќе 65 години.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади врз земјата.
„Никој не може да поверува во успехот што го имаме, 48 лидери исчезнаа одеднаш. И се одвива брзо“, беше цитиран Трамп во интервју за Фокс њуз.
Во посебно интервју за Си-Ен-Би-Си, тој вели дека американската операција во Иран е „пред предвидениот рок“.
Свет
Израелската војска пак го нападна Иран
Израелската војска соопшти дека нејзините сили започнале со спроведување нови воздушни напади врз иранскиот главен град.
„Воздухопловните сили сега започнаа нов бран напади во срцето на Техеран“, се вели во краткото соопштение на „X“.
Свет
Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“
Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“
Папата Лав XIV му испрати силна порака на американскиот претседател додека зборуваше во Ватикан во неделата.
„Со длабока загриженост го следам она што се случува на Блискиот Исток и во Иран во текот на ова бурно време“, истакна Папата во својот говор.

