Свет
Во пожарот во Шангај 53 загинати, уапсени осомничените
Најновите податоци покажуваат дека најмалку 53 лица загинале во пожарот во една висококатница во Шангај, а полицијата денеска ги уапси заварувачите без лиценца, за кои се претпоставува дека го предизвикале пожарот.
Истрагата покажала дека четворица заварувачи без лиценца непрописно ракувале со опремата за заварување и така го предизвикале вчерашниот пожар во Шангај.
Сведоци претходно изјавија дека пожарот започнал кога се запалил градежен материјал, а огнот се проширил и врз скелето што ја прекривало 29. катницата во центарот на градот.
Градските власти денеска соопштија дека загинале 53, а биле повредени 90 луѓе, од кои 70 се сместени во болница.
Ова е еден од најтешките пожари во Кина, а несреќите од овој вид се ретки во Шангај, кој важи за еден од најдобро организираните големи градови во земјата. /крај/ап/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

