Свет
САД: Во 2009 година 15 отсто од домаќинствата гладувале
Според неодамнешниот извештај на американската влада, речиси 15 отсто од домаќинствата во оваа земја во некои периоди во 2009 година немале доволно храна.
Официјалната бројка е најголема до сега од кога во деведесеттите години започнаа со собирање на податоци, а нешто е поголема и во однос на претходната година.
Иако податокот е донекаде изненадувачки за богата земја како што е САД, која истовремено има и сè поголеми проблеми со дебелината на жителите, бројот на семејствата кои се борат за прехрана порасна одеднаш со почетокот на рецесијата и од тогаш се повеќе се зголемува.
Најтешко беа погодени самохраните мајки – речиси 3,5 милиони во некои периоди не можеа да обезбедат доволно храна за своето семејство, а меѓу семејствата кои имаа проблем да се прехранат, непропорционално е голем процентот на црнците и латиноамериканците.
Администрацијата на Обама од почетокот на рецесијата ја прошири програмата за субвенционирани маркици за храна, која во 2009 година ја користеле околу 34 милиони Американци. крај/хина/кс.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.

