Свет
Египет: Муслимани палеле куќи на христијани
Според безбедносните сили на Египет, муслимани запалиле најмалку 10 куќи на христијански Копти во село на југот на земјата.
Пожарот е подметнат поради сомнеж дека еден христијански жител на селото имал врска со муслиманска девојка, пренесуваат агенциите.
Безбедносните сили разместени се во селото Ал Навахиз на околу 450 километри јужно од Каиро, а неколкумина се уапсени, известуваат службите.
Коптите се најголемо верско малцинство во Египет и сочинуваат околу 10 проценти од вкупно 80 милиони жители.
Коптите и мнозинството муслимани живеат во мир, но повремено избувнуваат и насилни судири.
Според извештаите на групите за човекови права во последно време е зголемен бројот на нападите врз Копти, што покажува дека властите не успеваат да ја намалат верската напнатост која е во пораст. крај/блиц/кс.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.