Свет
Германија ги засилува акциите против востаниците во Авганистан
По успешната офанзива во северниот дел на Авганистан, претставникот на германското министерство за одбрана денеска изјавил дека војската планира да ги засили операциите против Талибанците.
„Во блиска иднина тоа ќе биде во неколку други региони“, рекол германскиот државен секретар за одбрана Кристијан Шидт кој бил посета на војниците во северноавганистанската гарда Мазар е Шариф.
Вредноста на продолжувањето на „засилената офанзива против талибанските гнезда“ е докажана, додал тој. Германската војска тврди дека ги протерала Талибанците од оние опасни краеви во Авганистан.
„Тоа е пат во вистинска насока “ рекол Шидт.
Но, со таа проценка оди и доза на претпазливост. Влијанието на Талибанците не мора секогаш да се намалува со оружје изјавил Шмидт. „Не мора секогаш тоа да биде насилно“./крај/хи/пк
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

