Контакт

Свет

Италија: Гласањето за доверба на владата на 14. декември

Објавено пред

dobivaj vesti na viber

Гласањето за доверба на владата на италијанскиот премиер Силвио Берлускони на дневен ред ќе биде на 14. декември во двата парламенти, пренесуваат вечерва италијанските медиуми.

Агенцијата Анса јавува дека Берлускони на парламентот ќе му се обрати на 13. декември, а следниот ден дека ќе се гласа за доверба на неговата влада.

Берлускони пред неколку дена објави дека во парламентот ќе побара гласање за доверба за да види дали владата се уште ја ужива доволната поддршка.

Берлускони за тоа ги известил и претседателите на горниот и долниот дом на Парламентот.

Премиерот на Италија се одлучи на овој чекор поради тоа што во италијанските медиуми се појави информација дека некои министри ќе ја напуштат владата во текот на оваа недела и ќе му дадат поддршка на главниот ривал на Берлускони и поранешен политички сојузник, претседателот на долниот дом, Џанфранко Фини.

Фини бараше оставка од Берлускони. Ако владата не добие доволно гласови за доверба во парламентот, Берлускони ќе мора да поднесе оставка. Ако после тоа не успее да формира нова влада и да обезбеди потребна поддршка, тогаш ќе бидат распишани вонредни избори./крај/бе/бч



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

„Повредите им се тешки, изгорениците покриваат и до 28% од кожата“: се огласија лекарите од Ургентниот центар во Белград

Објавено пред

Најмалку 59 лица загинаа во пожар што избувна ноќта меѓу саботата и неделата во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Најмладата жртва имала само 14 години. Меѓу повредените има 150 лица, а 12 пациенти биле донесени во Белград во неделата вечерта со авион на војската на Србија, од кои некои се во Ургентниот центар во Белград.

dobivaj vesti na viber

„Девет пациенти се примени на Ургентниот центар, а тројца се на ВМА. Дијагностичките процедури беа започнати и завршени за пациентите веднаш по приемот. Станува збор за повреди од изгореници кои зафатиле помеѓу два и 28 проценти од површината на телото. Сите пациенти покажуваат симптоми и знаци на оштетување или контакт со токсични гасови произведени за време на пожарот, но некои имаат и изгореници на горните дишни органи и тие се класифицирани како сериозни повреди опасни по живот“, изјавија од Ургентниот центар во Белград, пренесе Танјуг.

„Засега немам дополнителни информации дали ќе дојдат уште пациенти, но ние сме подготвени за тоа. Тешко е да се зборува за прогнози за изгореници, но тоа ќе стане јасно во наредните денови. Нашите пациенти се млади, на возраст од 18 до 35 години, тие се рехабилитирани и нивниот третман продолжува бидејќи тоа е долготраен процес кој бара недели лекување. Еден пациент е на механичка вентилација и е најтешко повреден“, изјавија за медиумите од Ургентниот центар во Белград.

Прикажи повеќе...

Регион

Бугарија обезбедува превоз и сместување за семејствата на повредените во пожарот во Кочани

Објавено пред

Бугарските дипломати обезбедуваат превоз од Македонија до Бугарија и гарантираат дека оние што ќе пристигнат ќе имаат каде да се сместат.

dobivaj vesti na viber

Амбасадата на Бугарија во Скопје, заедно со Ситуациониот центар на Министерството за надворешни работи, помага во транспортот и сместувањето на роднините и пријателите на повредените од пожарот во Кочани, Македонија, кои се пренесени во бугарските болници, јави БГНЕС.

Бугарската држава прими 14 од повредените, кои беа пренесени со воен авион „Спарта“ и шест амбулантни возила.

Бугарската амбасада во Скопје ги известила најблиските членови на семејството на лицата кои се лекуваат во Софија, Пловдив и Варна дека Бугарија е подготвена да им обезбеди превоз и сместување за потребниот период на лекување.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео): Двегодишно момче во САД пронашло пиштол и го застрелало својот близнак

Објавено пред

Двегодишно дете е во болница откако случајно било застрелано од неговиот брат близнак, пишува Дејли мејл. Полицијата на округот Хенри одговори на дојавата за пукање во дом во Хемптон, Џорџија, пред пет дена околу пладне. Детето, чиј идентитет и пол не се објавени, било пренесено со хеликоптер од домот на 200 Robin Hood Lane, во мирна населба јужно од Атланта.

dobivaj vesti na viber

Службениците за итни случаи од пожарникарската и спасувачката служба на округот Хенри му пружиле прва помош на детето на местото на настанот пред да биде пренесено во болница. Според официјалните информации, детето е оперирано и сега е во стабилна состојба. Полицијата ја опколи куќата во која се случи престрелката. Жителите на населбата изјавија за Fox5 дека полицајците блокирале дел од улицата додека трае истрагата.

Истражителите веруваат дека братот близнак на детето го пронашол пиштолот и случајно го испукал. Засега не се знае кој го поседува оружјето и за каков тип на пиштол се работи, а за инцидентот засега никој не е обвинет.

На фотографиите од местото на настанот се гледа како инспекторите ја пребаруваат еднокатната куќа, која е одвоена од остатокот од улицата со полициска лента. Пред куќата може да се видат детски играчки, вклучувајќи мал автомобил и кошаркарски обрач.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

(Фото) Знамињата пред Собрание на половина копје, денови на жалост во Македонија

Поради тргагедијата во Кочани, Владата на РСМ прогласи седумдневна жалост на територија на целата држава. „На вонредната владина седница по...

Македонија3 часа

Фудбалерот Лазаров не е единствениот, уште двајца спортисти загинаа во страотниот пожар во Кочани

Страшниот пожар што избувна во дискотеката во Кочани, го одзеде животот на повеќе од еден спортист. Покрај фудбалерот Андреј Лазаров,...

Македонија3 часа

Обвинителството: Во тек се рочишта за определување притвори

Обвинителството утрово извести дека во тек се рочишта за определување притвори, а бројката е истата од последната информација синоќа. Од...

Регион3 часа

(Видео) Осум од повредените во Кочани се во „Пирогов“ во Софија, три се деца, сите се во тешка состојба

Осум од повредените во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани се во тешка состојба во Софија во болницата „Пирогов“. Од...

Регион4 часа

(Видео) Тројца пациенти од Кочани се примени во болница во Варна

Тројца повредени во пожарот во Кочани вчера се примени на Клиниката за изгореници при ВМА-Варна, јави Бгнес. Тие беа пренесени...

Регион4 часа

(Видео) Авион на српската армија со 12 повредени во пожарот во Кочани пристигна во Белград

Дванаесет пациенти повредени во пожарот во дискотека во Кочани вчера вечер се пренесени од Македонија во Белград со авион CASA...

Македонија11 часа

Пациентите кои се префрлени во странство се во стабилна состојба и под континуирана медицинска нега

Министерството за здравство информира дека од раните утрински часови во Клиничкиот центар функционира кризниот штаб, во тесна координација со Министерството...

Македонија11 часа

Обвинителството поведува постапка за проверка на 11 лица, за осум веќе е поднесен предлог за краткотраен притвор

Обвинителството до овој момент поведува постапка на проверки за вкупно 11 лица. Од нив предлог за краткотраен притвор е веќе...

Македонија14 часа

Дискотеката во Кочани имала само два противпожарни апарати, немала хидрантска мрежа, имала само една импровизирана врата и таа била затворена: Обвинителството регистрирало бројни неправилности

Вечерва државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, обзнани дека по извршениот увид во дискотеката во Кочани, биле забележани многу неправилности. Тој...

Македонија14 часа

Ексминистерот за економија, Бектеши, повикан на распит во полиција

Поранешниот министер за економија, Крешник Бектеши е повикан на информативен разговор во полиција. Во моментов се наоѓа во ПС Карпош....

Македонија15 часа

(Видео) Мицкоски не дава оставка: Прво ќе ги поразам сите овие кои го доведоа овој систем да биде корумпиран, а потоа ќе излеземе на избори

Премиерот Христијан Мицкоски на вонредна прес-конференција кажа дека дискотеката имала фалсификувана лиценца издадена на 13 март 2024 година, потпишана од...

Македонија16 часа

Животите на млади луѓе за миг згаснаа заради самоволие, импровизација и манипулација, ниту еден одговорен не смее да избегне казна, порача претседателката Сиљановска-Давкова

Со солзи во очите и растреперен глас вечерва на македонските граѓани се обрати претседателката Гордана Сиљановска-Давкова за пожарот во Кочани...

Македонија18 часа

„Голем човек, големо срце, голема загуба“, „Секогаш ќе те памтам по твојата насмевка и блесава смисла за хумор“, колегите се простуваат од Андреј „ДНК“

Колегите на Андреј од „ДНК“ со емотивни пораки се простуваат од музичарот. „Голем човек, големо срце, голема загуба. Почивај во...

Македонија18 часа

Владата на вонредна седница донесе неколку одлуки: седумдневна жалост во цела држава, строги контроли во угостителските објекти

Владата ја започна денешната седница со едно минутно молчење со цел да им се оддаде почит на трагично загинатите лица...

Македонија19 часа

Тошковски: Дискотеката во Кочани немала легална лиценца за работа, починати се тројца малолетници

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, соопшти нови детали во врска со пожарот во кочанската дискотека. Toшковски рече дека осомничени...

Македонија19 часа

Со авиони се транспортираат најтешко повредените од пожарот во Кочани во земјите од соседството

Министерството за здравство информира дека во моментот се организира авионски транспорт за најтешко повредените во пожарот во дискотеката во Кочани....

Македонија19 часа

Сара Пројковска придружен вокал на „ДНК“ загина во пожарот во Кочани

Сара Пројковска придружен вокал на дуото „ДНК“ загина во пожарот во дискотеката во Кочани. „Со длабока жалост и неверица ве...

Македонија19 часа

Почина Андреј од ДНК

Андреј Ѓоргиески, еден од членовите на дуото ДНК, им подлегнал на повредите од пожарот во Кочани. „Голем човек, големо срце,...

Македонија19 часа

Дваесет повредени кои се во критична состојба ќе бидат пренесени во Бугарија, во Турција, во Грција и во Србија, вели Таравари

Дваесет од вкупно 155 повредени во пожарот во дискотеката во Кочани кои се во критична состојба ќе бидат пренесени на...

Македонија21 час

Повеќето од починатите, загинале во стампедото во дискотеката, кажа директорка на општата болница во Кочани

Кристина Серафимова директорка на општата болница во Кочани изјави дека првиот повик бил во 2 часот и 48 минути на...