Свет
Порака за толеранција од Бан Ки Мун
Генералниот секретар на Обединетите Нации, Бан Ки Мун, денеска укажа на значењето на толеранцијата меѓу народите и заедниците, истакнувајќи дека тоа претставува основа за изградба на глобално општество што дели заеднички вредности.
„Толеранцијата е доблест и квалитет, но над се таа е чин, чин на подавање рака и гледање на разликите не како на бариери, туку како на повик за дијалог и разбирање“, се наведува во пораката на Бан Ки Мун по повод Меѓународниот ден на толеранцијата.
Тој додал дека толеранцијата е клучна во одбраната од политичка поларизација во време кога стереотипите и незнаењето и омразата се закануваат општествените вредности во светот составен од општества кое се разновидни.
Бан прецизирал дека толеранцијата не значи прифаќање на сите гледишта и постапки како рамноправни, туку дека нивната вредност лежи во тоа да се всади поголема свест за човековите права и основните слободи, како и нивното почитување./крај/та/бч
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

