Свет
Откриени стотици човечки фетуси во будистички храм
Во будистички храм во Бангкок биле откриени остатоци на повеќе стотици човечки фетуси за кои се претпоставува дека потекнуваат од нелегални абортуси во тајландските болници, пренесе денеска дневниот весник „Нејшн“.
Генералот на тајландската полиција изјавил дека полициските сили добиле повик да истражат која е причината за силната смрдеа во будистичкиот храм. Тие откриле дека се работи за остатоци од 348 човечки фетуси, кои се наоѓале во пластични кеси во мртовечницата на храмот, пренесува агенцијата АП.
Фетусите биле собирани од болници по извршувањето на абортусите и фрлени на извесен временски период, бидејќи варирала нивната боја и состојбата во која се наоѓале, навел генералот на тајландската полиција.
Тајландскиот весник навел дека од будистичкиот храм каде што биле откриени остатоците од фетуси, признале дека ангажираните неколку од болниците да им покажат каде ги фрлаат фетусите“
Американската агенција соопштува дека абортусот е забранет во Тајланд, освен во три случаи, кога се работи за жена која е силувана, бременоста која го нарушува здравјето на бремената жена и фетус кој не е нормален./крај/блиц/пк
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Иран започна нов напад врз Израел
Нови сирени се огласија низ јужен Израел поради ирански напад со балистички ракети. Во централен Израел, медицинските лица велат дека скенираат откако добиле извештаи за места каде што паднале фрагменти од ракети.
Засега нема извештаи за повредени.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.

