Свет
Германската влада предупреди на терористички напади
Владата на Германија ги зголеми безбедносните мерки на аеродромите и железничките станици, поради, како што тврди, зголемената опасност од терористички напади на исламските екстремисти.
Сојузниот министер за внатрешни работи, Томас де Мезиер, денес во Берлин соопшти дека „настанала нова ситуација“ во врска со опасноста од терористички напади.
„Сојузната влада од еден странски партнер доби кохерентни информации кои предупредуваат дека за крајот на ноември се планирани терористички напади во Германија“, изјави министерот.
Германија ги зголеми мерките на безбедност во целата земја, а особено во големите градови. Видливо е присуството на полицијата на главната полициска станица во Берлин и пред Брандербуршката порта. Де Мезиер најави дека ќе бидат зголемени контролите и на граничните премини со земјите членки на Шенгенскиот договор.
Граѓаните кои ги повика на внимателност, министерот им порача дека „сојузните и покраинските безбедносни служби се добро подготвени за новонастанатата ситуација“. крај/бета/н.ц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

