Свет
Во Кина дијагностициран првиот случај на птичји грип по седум години

Жена во Хонгконг е сериозно заболена од птичји грип, прв регистриран случај кај човек на територијата на Кина од 2003 г., пренесува BBC
Официјални лица соопштиле дека 59-годишна жена се разболела кратко време по враќањето од посетата на главниот град.Се уште не е прецизирано дали вирусот е добиен на територијата на Хонгконг, но поради можниот ризик за ширење на инфекцијата зголемено е нивото на претпазливост во главниот град.Последната епидемија на птичји грип во 2003 г. однесе шест животи во Хонгконг.Според министерот за здравство, Јорк Чоу, се уште нема знаци дека вирусот се шири меѓу луѓето и дека истрагата била фокусирана на живината како извор на инфекцијата.Жената до Хонгконг патувала по копнен пат, заедно со нејзината ќерка и сопруг, а по пат ги посетиле и Шангај, Нанџинг и Хангџу.Чоу изјавил дека надлежните органи ќе се состанат денеска за да одлучат што понатаму и дали се потребни некакви мерки за претпазливост.Првиот пат кога вирусот ја премина бариерата меѓу живината и човекот во 1997 година сите кокошки во Хонгконг беа убиени.Светската здравствена организација соопшти дека повеќе од 500 случаи на птичји грип биле дијагностицирани ширум светот од 2003 година, од нив 302 имале фатален крај.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Бајден: Ќе ги поместиме небото и земјата за да вакцинираме што е можно повеќе луѓе

Новиот американски претседател Џо Бајден ѝ се обрати на американската јавност по повод презентацијата на планот за борба против пандемијата со коронавирус.
„Ќе ги поместиме небото и земјата за да вакцинираме што е можно повеќе Американци бесплатно. Оваа пандемија не е од вчера, но ќе ја победиме. Доаѓа помош. Мојот план се заснова на наука, а не на политика“, рече Бајден на почетокот.
„Досега не можевме да се потпреме на федералната влада, таа не беше со фокус и координација потребни за да се бориме против пандемијата, а потоа ја плативме цената“, рече претседателот, додавајќи дека Америка во последните неколку недели забележува смртност меѓу 3.000 до 4.000. случаи дневно.
„Ситуацијата ќе биде многу полоша пред да се подобри. 20% од смртните случаи ширум светот се во САД, иако нашата земја чини само 4% од светската популација“, кажа тој.
Бајден апелираше до Американците да носат маски во следните 99 дена. „Носењето маски за жал стана партиско прашање, но тоа е патриотски чин“.
Новиот американски претседател додаде дека носењето маски ќе биде задолжително на секое патување меѓу сојузните држави и сите патници кои пристигнуваат во САД од други земји ќе треба да бидат ставени во карантин по пристигнувањето.
Тој предупреди дека до следниот месец, бројот на смртни случаи од ковид во САД ќе надмине половина милион.
Регион
Словенец загинал од топовска граната од Првата светска војна

Топовска граната останата од Првата светска војна убила 64-годишен маж во селото Воглар кај Нова Горица во западна Словенија, во близина на границата со Италија.
Според локалната полиција, несреќата се случила вчера околу 14:30 часот при неконтролирана експлозија на топовска граната 75 милиметри, од француско производство, од периодот на Првата светска војна.
Полицијата продолжува со истрагата, а досега собрала податоци и извршила увид на местото на несреќата која се случила пред влез во гаража на станбена зграда.
Експлозијата веднаш го убила 64-годишниот жител, а истрагата за околностите на инцидентот продолжува, соопшти полицијата од Нова Горица.
Експлозијата и шрапнелите од гранатата предизвикале материјална штета во станбената зграда, а полицијата за сè го известила државното правобранителство.
На тој дел од словенечката територија, кој до 1918 година бил дел од Австро-Унгарија, имало фронт во конфликтот меѓу австро-унгарските и италијанските сили откако Италија влегла во војна на страната на Антантата.
Европа
Холандија воведува полициски час, луѓето веќе смислуваат начини како да го избегнат

Предлогот на холандската влада да воведе полициски час, прв по Втората светска војна, помина во парламентот, пренесува АФП.
#BREAKING Dutch parliament approves #coronavirus curfew pic.twitter.com/DR8U58Q8u1
— AFP News Agency (@AFP) January 21, 2021
Да потсетиме, владата денеска предложи воведување на национален полициски час за прв пат по Втората светска војна и забрана за летови од Јужна Африка и Велика Британија, во обид да се ограничи ширењето на новите видови коронавирус во Холандија.
Забраната за летови, за која премиерот Марк Руте вели дека ќе важи и за сите јужноамерикански држави, треба да стапи на сила в сабота.
Руте не ја потврди веста објавена во средата од страна на холандската новинска агенција АНП, во која беше напишано дека забраната за летови ќе важи за сите земји надвор од шенген-зоната, која има 26 земји.
„Полицискиот час ќе допушта само луѓето со итни обврски да ги напуштаат своите домови меѓу 21 и 4:30 часот од петок навечер“, рече Руте.
Училиштата и продавниците кои продаваат несуштински производи се веќе затворени од средината на декември, откако кафулињата и рестораните беа затворени два месеца порано.
Затворањето треба да остане во сила најмалку до 9 февруари, рече Руте минатата недела.
Од страв да не бидат фатени за време на полицискиот час, Холанѓаните наоѓаат креативни решенија за да ги заобиколат правилата, па се пријавуваат за шетање на кучиња и нарачуваат униформи од познати компании за достава.
Веб-страницата што ги поврзува сопствениците на кучиња со волонтери кои ќе ги носат нивните кучиња на прошетка е преплавена со понуди.
„Обично добиваме 10 понуди неделно, а од вторникот и најавениот полициски час, добивме 300“, вели Јос ван Пруијен, раководител на непрофитната веб-страница www.matcheenleenhond.nl.
Интернет-продавницата Marktplaats.nl ја прекина продажбата на јакни и облека од познати компании за испорака како одговор на наглиот пораст на побарувачката, објави весникот Алгемин Дагблад.
Некои продавачи нудат празни кутии за испорака со почетна цена од 50 евра.
Казната за кршење на полицискиот час е 95 евра.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот