Свет
Иран: Во тек судењето на жената осудена на каменување

Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад денеска изјави дека судењето на Сакине Мохамади – Аштиани, жената осудена на смрт со каменување сеуште трае.
Освен тоа тој ја повика меѓународната заедница во Иран да се откаже од апелите за нејзино помилување.
„Судењето сеуште трае. Иранските истражни служби се многу комплетни и ќе донесат вистинска одлука во таа постапка“, изјави Ахмадинеџад пред новинарите во Баку, во рамките на меѓународниот самит во главниот град на Азербејџан.
Во врска со апелите од меѓународната заедница за откажување од егзекуцијата на Аштиани, Ахмадинеџад одговори, „Сакам да упатам апел: Во САД 53 жени се осудени на смрт. Зошто светот не бара нивно помилување?“
Четириесет и тригодишната мајка Сакине Мохамади – Аштиани е осудена на смрт во 2006 година заради неверство од два различни суда.. крај/хина/кс.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
ЕУ очекува до лето да биде вакцинирано најмалку 70 проценти од населението

Земјите од Европската унија треба до лето да имаат за цел да вакцинираат најмалку 70 проценти од нивната возрасна популација, препорача Европската комисија.
Извршното тело на Европската унија, исто така, наведува дека ќе работи на зајакнување на производните капацитети на производителите на вакцини, преку мерки што може да вклучуваат инвестиции во производствени погони и побрзи регулаторни процедури за нивно одобрување, објави Ројтерс.
До март, најмалку 80 проценти од луѓето постари од 80 години и 80 проценти од здравствените работници, исто така, треба да бидат вакцинирани во секоја земја на ЕУ, соопшти Комисијата.
Секоја од 27-те влади на ЕУ управува со своите кампањи за вакцинирање, што вклучува темпо со кое сакаат да се вакцинираат и на кои групи сметаат дека треба да им се даде приоритет.
ЕУ нарача речиси 2,3 милијарди дози од одобрените вакцини против Ковид-19, но досега само два лека добиле регулаторно одобрување. Повеќето вакцини бараат две дози за да обезбедат целосна заштита.
ЕУ обезбеди 600 милиони дози вакцини развиени од „Фајзер“ и нејзиниот германски партнер „БиоНТех“ и покрај раните прекини во снабдувањето, очекува тие да бидат доставени до крајот на оваа година. Комисијата, исто така, ги повикува земјите од ЕУ да го зајакнат својот капацитет за следење на коронавирусот со цел побрзо да откриваат нови варијанти.
Свет
Тајландскиот премиер се закани: Кривично ќе биде гонет секој што ќе шири лаги за вакцините

Премиерот на Тајланд, Прајут Чан-Оча, се закани со кривично гонење на секој што шири лажни информации за вакцини против коронавирус на социјалните мрежи или во масовните медиуми.
Со оглед дека државата веќе може да казнува затоа што во тек е вонредна состојба, која беше прогласена во март минатата година поради пандемијата, предупредувањето на Прајут е реакција на тврдењата на опозицијата на интернет дека неговата влада не сторила доволно за да набави доволно вакцини.
Танаторн Џуангронгруангкит, поранешниот лидер на распуштената партија „Напред кон иднината“, ја обвини владата дека постапува премногу бавно во врска со вакцинирањето на населението. Имаше и обвинувања дека компаниите со „врски“ профитираат од државните договори за вакцини, што властите ги негираа.
Здравствените власти на прес-конференција денеска го бранеа процесот на набавка на вакцините и рекоа дека Министерството за здравство работи на тоа од февруари минатата година, но им треба време за проценка кои се соодветни.
Како што се наведува, целта на Владата е да вакцинира 50% од населението оваа година.
Свет
САД најавија нови санкции против Русија

САД наскоро ќе разгледаат дополнителни санкции против Русија, изјави американскиот државен секретар Мајк Помпео.
„ Соединетите држави наскоро ќе разгледаат дополнителни санкции против Русија според Законот за санкции против американските противници (CAATSA) и Европскиот закон за заштита на енергетската безбедност (ПЕЕСА)“, рече Помпео.
Тој потсети дека Америка воведе санкции на бродот кој работи на изградба на „Северен поток 2“ – леталото „Фортуна“ и неговиот сопственик, компанијата „КВТ РУС“, пренесува Спутник.
„ Ако биде завршен „ Северен поток 2 “, тоа ќе и` даде можност на Русија целосно да ја заобиколи Украина, лишувајќи ја од исклучително важните приходи и „отворајќи“ ја за понатамошни агресивни руски активности, а исто така ќе овозможи природните ресурси да се користат како инструменти на притисок и злонамерно влијание во Западна Европа“, истакна Помпео.
Според него, „денешното објавување на санкции покажува дека Соединетите држави не се плашат да одговараат за оние кои продолжуваат да помагаат и да го одобруваат овој руски инструмент на принуда“.
Претходно, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави дека проектот за гасоводот „Северен поток 2“ се соочува со суров и незаконски притисок од Америка. Проектот „Северен поток 2“ вклучува изградба на две гранки на гасоводот, со вкупен капацитет од 55 милијарди кубни метри гас годишно, од брегот на Русија, преку Балтичкото Море, до Германија.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира