Контакт

Свет

Русија одобри план за приватизација од 32 милијарди долари

Објавено пред

Рускиот премиер Владимир Путин го одобри планот за продажба на државниот имот, во вредност д 31, 9 милијарди долари, во наредните три години за да се нивелира дефицитот и да се привлечат инвеститори, пренесе Reuters

Руската министерка за економски развој, Елвира Набијулина рече дека кабинетот на премиерот Владимир Путин го одобрил планот за приватизација кој опфаќа продажба на државниот удел во двете најголеми руски банки, водечкиот произведувач на нафта и државниот монополист за железнички сообраќај.Оваа продажба ќе биде прв циклус на приватизација по „наместената“ распродажба на некогашниот Совјетски сојуз на почетокот на деведесетите години, откако претпријатија вредни повеќе милијарди долари завршија во рацете на неколку поединци, пишува Reuters.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Русија тестира систем за откривање на британскиот вид коронавирус

Објавено пред

Систем за откривање на британскиот вид коронавирус се тестира во Русија, објави Службата за фитосанитарен надзор „Роспотребнадзор“.

„Тестираме ПСР-тест кој е способен да го открие новиот коронавирус и да го разликува од оној што го знаеме од минатата година, а кој претежно циркулира во Русија“, рече раководителката на ресорот, Ана Попова.

Таа додаде дека имунитетот од коронавирусот што лицето го добива по болеста, исто така, може да заштити и од британскиот вид Ковид-19.

Попова изјави дека веќе била запознаена со резултатите што даваат оптимизам.

Вчера беше објавено дека научниците од Новосибирскиот научен институт „Вектор“ први во светот го фотографираа британскиот вид коронавирус, добиен од пациент во декември 2020 година.

Прикажи повеќе...

Регион

Вучиќ: Пристигнаа уште 10.000 вакцини во Србија

Објавено пред

Српскиот претседател Александар Вучиќ објави дека утрово во Србија пристигнале уште 10.000 вакцини против коронавирус, додавајќи дека борбата за вакцините продолжува и дека светот денес е како Титаник, каде што „богатите се обидувајќи се да обезбедат чамци само за себе”.

„Сакам да ве известам дека примивме уште 10.000 нови вакцини утрово“, рече Вучиќ во видеообјавата на својот инстаграм-профил. Тој изјави дека борбата за секоја вакцина продолжува, со многу состаноци и тешки разговори.

„Ние сме жилав народ, ќе се бориме за опстанок, ќе се бориме за животот на Србија и ќе успееме во тоа. Ќе успееме и ќе победиме заедно“, изјави Вучиќ.

Претседателот на Србија не прецизираше за кои вакцини станува збор, ниту од каде се набавени.

Прикажи повеќе...

Свет

СЗО: Нови совети во врска со лекувањето на Ковид-19, тимот во Вухан започнува со работа

Објавено пред

Светската здравствена организација (СЗО) денес ги издаде најновите совет до клиничарите за лекување  пациенти со Ковид-19, вклучувајќи ги и оние кои покажуваат долготрајни симптоми на болеста по закрепнувањето, а исто така објави дека препорачува употреба на антикоагуланси во мали дози за спречување на згрутчување на крвта, пренесува „Ројтерс“.

Агенцијата наведува дека портпаролката на СЗО, Маргарет Харис, на денешната прес-конференција во Женева потврди дека тимот на независни експерти предводен од СЗО, кој моментално се наоѓа во кинескиот град Вухан, треба да го напушти карантинот во следните два дена и да продолжи со својата работа.

Харис одбила да ги коментира извештаите за доцнење на вакцинацијата во Европската Унија.

По тој повод, таа објави дека нема конкретни податоци, а приоритет на СЗО е здравствените работници во сите земји да се вакцинираат во првите 100 дена од оваа година, наведува агенцијата.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија17 минути

ИЈЗ: Намалување на бројот на нови случаи и на починати

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 18 до 24 јануари 2021, тестирани се вкупно 11.036...

Свет23 минути

СЗО: Нови совети во врска со лекувањето на Ковид-19, тимот во Вухан започнува со работа

Светската здравствена организација (СЗО) денес ги издаде најновите совет до клиничарите за лекување  пациенти со Ковид-19, вклучувајќи ги и оние...

Европа49 минути

(Видео) Германија: Маж со нож бодел луѓе на улица, има ранети

Германската полиција соопшти дека еден човек со нож нападнал и ранил неколку лица во градот Франкфурт пред властите да го...

Европа2 часа

Бразилскиот вид на Ковид-19 пристигна во Италија, вирусолозите предупредуваат дека вакцината не е ефикасна против него

Болница во градот Варезе, во регионот на Ломбардија, лекува лице на кое му е дијагностициран првиот случај во Италија на...

Македонија2 часа

Семејство завеано во викендичка на Попова Шапка, без струја и без храна

Четиричлено семејство од Скопје останало заглавено во викендичка на Попова Шапка, бидејќи поради големите снежни навеви пристапот бил отсечен. За...

Македонија2 часа

Филипче: Ја разгледуваме можноста за набавка на вакцини од Кина

Владата ја разгледува можноста за набавка на вакцини од Кина. Како што соопшти министерот за здравство, Венко Филипче, во моментот...

Европа3 часа

Меркел: Ситуацијата со коронавирусот ни избега од контрола

Германската канцеларка Ангела Меркел призна дека ситуацијата во земјата, во борбата против коронавирусот, им избегала од контрола на властите. Според...

Европа3 часа

Италијанскиот премиер Конте поднесе оставка

Италијанскиот премиер Џузепе Конте поднесе оставка, пишуваат италијанските медиуми. Агенцијата „Анса“ пишува дека премиерот ја објавил својата одлука пред членовите...

Македонија4 часа

Брзи антиген тестови на скопскиот аеродром

Со цел да одговори на најновите рестрикции за патување воведени поради Ковид-19 од страна на земјите од ЕУ/Шенген зоната, ТАВ...

Македонија5 часа

Португалското претседателство ќе настојува да почнат преговорите на Македонија со Европската Унија

За португалското претседателство процесот на проширување е важно прашање, истакна министерот за надворешни работи на Португалија, Аугусто Сантош Силва. Како претставник...

Македонија5 часа

СДСМ: Штетни се обидите за наметнување дебата колку проценти е која било етничка заедница

Штетни се обидите за наметнување дебата колку проценти на која било етничка заедница, велат од владејачкиот Социјалдемократски сојуз на Македонија,...

Европа5 часа

(Видео) Нови насилни протести во Холандија поради полицискиот час

Холандската полиција уапси 70 лица откако избувнаа нови немири трета ноќ по ред за време на протестите за одлуката на...

Свет6 часа

Поднесено обвинение против Трамп во Сенатот

Претставничкиот дом на американскиот конгрес поднесе обвинение до Сенатот за отповикување на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, бидејќи неговиот говор...

Свет17 часа

Пирати киднапираa 15 морнари од турски брод, еден убиен

Во насилeн напад во близина на брегот на Нигерија пирати киднапирале 15 морнари од турскиот брод „Моцарт“, а еден член...

Свет18 часа

„Модерна“ тврди дека нејзината вакцина е ефикасна и против новите видови коронавирус

Вакцината на „Модерна“ дејствува и против новите видови коронавирус пронајдени во Велика Британија и Јужна Африка, тврдат научници од оваа...

Македонија19 часа

Собранието го избра Насер Зибери за народен правобранител

Иако Насер Зибери не успеа да стане првиот премиер Албанец, се избори за функцијата народен правобранител. Го предложи ДУИ, а...

Свет19 часа

Џонсон најави ублажување на рестриктивните мерки во февруари

Британскиот премиер, Борис Џонсон, бара начини за олеснување на некои рестриктивни мерки воведени за забавување на ширењето на Ковид-19 пред...

Топ20 часа

Џудо-федерацијата лани му ја одзела лиценцата на тренерот осомничен за полови злоупотреби на ученички

Четириесет и шестгодишниот тренер по џудо од Прилеп, кој се сомничи за полови злоупотреби на малолетнички што му биле ученички,...

Македонија23 часа

Законот за лекови доби зелено светло, ВМРО-ДПМНЕ не гласаше

Измените на Законот за лекови и медицински помагала со кој се уредува набавката на вакцините од компанијата „Фајзер“ го помина...

Македонија24 часа

Шестмина починати и 63 новозаразени со Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 677 тестирања, а регистрирани се 63 нови случаи на...

Досие