Свет
Обама бара од Сенатат да го ратификува договорот START со Русија
Американскиот претседател Барак Обама не остана настрана од жестоката дебата меѓу неговата администрација и Сенатот за брза ратификација на новиот договор со Русија ткн. START 2
Како што пренесуваат американските медиуми, претседателот Барак Обама ги повикал законодавците да не го одложуваат гласањето за документот кој тој го нарекува „национален императив за безбедноста“ на САД.Во средината на септември, Меѓународниот комитет на Сенатот го усвои документот и го предаде за разгледување пред целиот состав на законодавниот дом со резолуција која препорачува ратификација на договорот.Републиканскиот сенатор Џон Кајл во вторникот издаде соопштени во кое изрази сомневање дека Сенатот ќе го разгледа договорот до јануари. Според него, сенаторите се премногу зафатен со други работи, а освен тоа кај сенаторите имало се уште прашања по содржината на документот. Оваа изјава предизвика панична реакцијата од страна на администрацијата на претседателот Обама, и покрај тоа што претходно републиканците ја објавија својата поддршка за договорот. Гласот на сенаторот Кајл е од круцијално значење за демократите, затоа што неколку републикански сенатори изјавија дека го поддржуваат неговото мислење, сметаат американските аналитичари.Демократите бараа за START да се разговара пред ноемвриските избори за конгресот. Инаку демократите го одложуваа гласањето во надворешнополитичката комисија затоа што сакаа да обезбедат поширока поддршка од републиканците. Некои републиканци се противат на договорот, затоа што тврдат дека не нуди „адекватни процедури кои би осигурале дека Русија ќе ги исполни своите обврски“. Тие, исто така, страхуваат дека Москва би можела да го искористи договорот за да го ограничи американскиот план за поставување на противракетен штит. Меѓу републиканците има и такви кои од демократите побарале гаранции дека ќе обезбедат повеќе пари за одржување на постоечкиот нуклеарен арсенал.По завршувањето на прелиминарните конгресни избори од 2-ри ноември, на кои републиканците ја намалија предноста на демократите кои се мнозинство, судбината на договорот START останува нејасна, сметаат, пак, руските политички аналитичари. Имено, републиканците пред изборите блокираа голем број иницијативи на администрацијата на Обама, па се претпоставува дека со новиот сооднос на силите и новите републикански сенатори американскиот претседател и неговиот кабинет ќе се справуваат уште потешко.За да Сенатот во новиот состав го ратификуваа договорот, Обама треба да придобие најмалку 14 републиканци.„Тоа не е прашање на политиката, тоа е прашање на националната безбедност. И, тоа не е прашање кое може да се одложува… Тоа не е идеја ниту на демократите, ниту на републиканците, тоа е идеја за јакнење на националната безбедност на САД“, рекол Обама на брифингот со новинарите акредитирани во Белата куќа, пренесува Reuters.Во Сенатот Обама напомнал дека идејата за намалување на стратешките офанзивни оружје била поддржувана и од демократските и од републиканските претседатели на САД. За време на неговиот говор, како што наведува американскиот печат, во салата присуствувале истакнати републиканци, поранешните државни секретари Медлин Олбрајт, Џејмс Бејкер, Хенри Кисинџер, поранешните први луѓе на Пентагон, Вилијам Коен и Вилијам Пери, кои го поддржуваат новиот договор за намалување на стратешкото офанзивно оружје.Обама во апелот нагласил и дека без овој договор, САД нема да можат да вршат инспекции врз рускиот нуклеарен арсенал.„И ако ние го одлагаме ова прашање, ќе ослабе лидерството на САД во доменот на нераспространувањето на нуклеарното оружје“, додал американскиот претседател.Обама изразил уверување дека договорот може да биде поддржан од потребните 67 гласа за негова ратификацијата, односно од две третини од сенаторите.Претседателите на Русија и САД го потпишаа новиот договор за стратешко офанзивно оружје на 8-ми април 2010 г. во Прага. Страните имаат намера во рок од седум години да го намалат вкупниот број боеви глави до 1.550 што е една третина во однос на постоечките 2.299 одредени со Москавскиот договор од 2002 г. и повеќе од двапати од долниот лимит за стратешки системи за испорака. Со новиот договор, исто така, се предвидуваат и нови процедури, со кој се олеснува контролата на почитувањето на договорот. Договорот мора да бидат одобрени од страна на двата дома на рускиот парламент, како и на американскиот Сенатот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Тринаесетгодишно момче нападна двајца врсници во Лондон со нож: уапсен е во џамија
Тринаесетгодишно момче уапсено под сомнение дека избодел двајца ученици во средното училиште Кингсбери во Лондон е поранешен ученик во училиштето, потврди полицијата. Двајцата нападнати ученици, на возраст од 12 и 13 години, се префрлени во болница и се во сериозна состојба. Настанот не се третира како терористички напад, пишува „Скај њуз“.
Главната началничка Хелен Фланаган им изјави на новинарите дека се верува дека осомничениот тинејџер, британски државјанин, влегол во училишната зграда во Брент, северозападен Лондон, и се упатил кон училница на првиот кат.
„Тој влегол во училницата и веруваме дека додека влегувал низ вратата, испрскал ученик со некоја супстанца“, рече Фланаган.
„Потоа осомничениот нападнал друг ученик во училницата, 13-годишник, и го избодел. Потоа избегал, трчајќи по училишниот ходник“, додаде таа. „Додека бегаше, тој нападнал друга жртва, 12-годишно дете, кое исто така го избодел пред да избега од училиштето“, рече таа.
Уапсен во џамија
Полицијата и службите за итни случаи биле повикани околу 12:40 часот, а по обемна потрага, осомничениот бил уапсен кратко по 18 часот. Според началникот Фланаган, дојавата од јавноста била клучна. „Еден граѓанин се јавил во полиција околу 16:50 часот, загрижен за тинејџер што го видел во џамија во северозападен Лондон“, објасни таа.
„Полициските службеници брзо пристигнале и уапсиле 13-годишно момче под сомнение за обид за убиство. Тој останува во притвор. Во овој момент, не веруваме дека осомничениот има каква било посебна врска со џамијата и веруваме дека веројатно бил таму случајно. Сите во џамијата дадоа огромна поддршка на истрагата“, рече Фланаган.
Иако нападот го истражуваше полицијата за борба против тероризмот вчера, инцидентот не е прогласен за терористички инцидент, соопшти полицијата. Во писмо до родителите, директорката на училиштето изјави дека станува збор за „длабоко трауматичен настан за целата училишна заедница“. Министерката за внатрешни работи го опиша нападот како „шокантен“.
Свет
Зеленски: Првпат слушам за 24 февруари како датум на избори во Украина
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави, коментирајќи ги извештаите на некои медиуми, дека за прв пат слушнал оти датумот на изборите во Украина може да биде 24 февруари и нагласи дека одржувањето на изборите зависи од безбедносната состојба.
Како што објави Укринформ, претседателот на Украина го кажа ова на новинарите коментирајќи ја информацијата на „Фајненшл тајмс“ за наводната намера да се објави датумот на претседателските избори и референдумот за територијален интегритет на 24 февруари.
„Во врска со изборите и намерата да се објави датумот на 24-ти, ова е прв пат што го слушам тоа. Веројатно првпат го слушнав од „Фајненшл тајмс“. Сега го слушам од вас по втор пат. Второ, многу пати зборував за изборите – ќе дојдеме до нив кога ќе ги има сите потребни безбедносни гаранции“, рече Зеленски, пренесува Танјуг.
Претседателот на Украина додаде дека прашањето за избори повремено го поставуваат некои партнери, но дека Украина никогаш самата не го иницирала ова прашање.
„Без сомнение, ние сме подготвени за избори. Јас го кажав тоа: само обезбедете прекин на огнот – ќе има избори. Тоа е безбедносно прашање“, додаде тој.
Зеленски, исто така, изјави дека САД ја покренале темата за изборите, но не сакаше да даде детали.
Фајненшл тајмс, повикувајќи се на неименувани извори, објави дека Украина се подготвува за претседателски избори и референдум за мировен договор со Русија, откако администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп побара организирање на гласањето до 15 мај, заканувајќи се во спротивно дека ќе го условува Киев со негирање на безбедносните гаранции, пренесуваат медиумите.
Свет
Макрон: Единственото решение е Европа да стане независна сила
Францускиот претседател Емануел Макрон денес во Антверпен изјави дека „единственото“ решение за економските закани што ги претставуваат Кина и Соединетите Американски Држави е Европа да стане независна сила.
„Ни треба нова скала и нова брзина во нашиот пристап за да се стави крај на фрагментацијата што ја ослабува и ризикува да ја понижи Европа“, им рече Макрон на бизнис лидерите во Антверпен, Белгија, објавија француските медиуми.
Францускиот претседател повторно ја лансираше идејата за „еврообврзници“, заеднички европски обврзници за финансирање на големи инвестиции и Европа да остане конкурентна со Пекинг и Вашингтон.
„Ако сакаме да инвестираме доволно во одбраната и вселенската безбедност, чистите технологии, вештачката интелигенција и квантното пресметување и да ја трансформираме нашата продуктивност и конкурентност, единственото решение е да се издаде заеднички долг“, додаде Макрон.
Оваа идеја за заеднички европски долг ја застапува Франција со години, но други земји, вклучително и Германија, постојано ја отфрлаат.
„Никогаш не сме живееле во ваков период. Затоа, мора да прифатиме преземање клучни мерки што не се многу вообичаени во традиционалните европски алатки за мерки“, рече Макрон.
Францускиот претседател рече дека Европа е во вонредна ситуација и додаде дека сите треба да бидат свесни за ова бидејќи наскоро ќе биде предоцна.
Макрон, исто така, ги повика земјите кои се подготвени да ги спроведат реформите на единствениот европски пазар предложени од Комисијата, да ја зајакнат соработката, со цел што поскоро да се постигне напредок.

