Свет
С. Кореја гради нуклеарен реактор
Нови сателитски снимки покажуваат изградба во тек во главниот атомски комплекс на Северна Кореја, во Јонгбојон, очигледен доказ дека Пјонгјанг си опстојува на најавата дека ќе изгради реактор на лесна вода, тврди приватната американска безбедносна Институт за науки и меѓународна безбедност, пренесува Асошиејтед прес.Во март Северна Кореја се заложи да изгради ваков реактор, употребувајќи сопствено нуклеарно гориво. Реакторите на лесна вода се навидум за цивилни енергетски потреби, но ваквиот реактор на Северот ќе му даде оправдување за збогатување на ураниум кој, на пониски нивоа на збогатеност се користи за цивилни потреби, но на повисоки може да биде употребен за нуклеарни бомби. Северна Кореја се обидува да создаде арсенал од нуклеарни оружја, па затоа секој нејзин чекор во тој правец будно се следи од нејзините соседи, но и од САД. Во 2008 и 2009 година, Северна Кореја изврши повеќе нуклеарни проби, со што ја привлече осудата на меѓународната заедница и и беа наметнати санкции. /крај/ап/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Трагедија во Турција: куп снег падна од покрив и усмрти 21-годишна девојка, несреќата снимена од безбедносни камери
Невидена трагедија се случи во турскиот град Битлис, кога куп снег падна од покрив и уби девојка.
Трагедијата се случи во вторник, 6 јануари, кога снег од покривот падна врз 21-годишната Ајше Идер додека одеше по тротоарот, објавија турските медиуми.
Ајше Идер беше тешко повредена во инцидентот, а снегот се натрупа врз неа двапати, соборувајќи ја на земја. Минувачите веднаш истрчаа да ѝ помогнат, дури и ризикувајќи го сопствениот живот кога снегот падна на земја по трет пат.
📹Bitlis'in Tatvan ilçesinde çatıdan düşen kar ve buz kütlesinin altında kalan 21 yaşındaki Ayşe İder hayatını kaybetti https://t.co/Bcs5z4BaDF pic.twitter.com/4rqQ9yeEvi
— Habertürk (@Haberturk) January 6, 2026
Младата девојка, на која ѝ беше укажана прва помош од медицински екипи испратени на местото на настанот, а потоа однесена во државната болница Татван, не можеше да се спаси. И покрај сите напори им подлегна на повредите.
Инцидентот, кој беше снимен и од безбедносните камери, и смртта на младата девојка, која се подготвуваше за приемен испит на универзитет, предизвикаа голема тага во округот Татван. Телото на Ајше Идер, кое беше преземено од болницата наутро, беше погребано на гробиштата Кучукшу.
Свет
(Видео) Експлозив фрлен во близина на опозициска пратеничка во Хондурас
Опозициската политичарка од Хондурас, Гладис Аурора Лопез, е повредена кога во нејзина близина била фрлена експлозивна направа во Националниот конгрес во Тегусигалпа.
Според соопштението на Националната партија, експлозивот детонирал на само неколку сантиметри од Лопез, при што таа се здобила со повреди на грбот.
Видео до кое дојде „Ројтерс“ го прикажува моментот кога предметот бил фрлен додека Лопез се приближувала за да разговара со претставници на медиумите, по што дошло до експлозија.
Инцидентот се случил во период на политичка недоверба по изборите, на кои центристичкиот кандидат Салвадор Насраља поднел жалба до Изборниот правосуден трибунал, барајќи повторно пребројување на гласовите во повеќе департмани, откако изборното тело го прогласило кандидатот на Националната партија, Насри Асфура, за победник, со разлика помала од еден процент од гласовите.
Двајцата настојувале да ја соборат од власт левичарската партија Либре на претседателката Ксиомара Кастро, чија кандидатка Рикси Монкада на изборите завршила на третото место.
Фото: pexels
Свет
Трамп: Го откажав вториот напад во Венецуела
Претседателот на САД Доналд Трамп на платформата „Тру соушал“ ги пофали постапките на Венецуела по, како што наведе, невидениот упад во земјата минатата сабота.
Трамп денеска изјави дека САД и Венецуела добро соработуваат, особено кога станува збор за обновата, „во многу поголема, подобра и помодерна форма“, на нивната нафтена и гасна инфраструктура.
„Поради оваа соработка, го откажав претходно очекуваниот втор бран напади, кој се чини дека нема да биде потребен. Сепак, сите бродови ќе останат на позициите од безбедносни причини“, додаде Трамп.
Претходно, венецуелската влада соопшти дека започнала со ослободување на притворени лица кои се сметаат за политички затвореници, што официјалните претставници го опишаа како гест на добра волја.
Нивното ослободување долго време беше барање на САД.
Министерството за надворешни работи на Шпанија потврди дека пет нејзини државјани се пуштени на слобода, меѓу кои и истакнатата венецуелско-шпанска активистка за човекови права Росио Сан Мигел.
Хорхе Родригез, претседател на Народното собрание на Венецуела и брат на нејзината привремена претседателка Делси Родригез, изјави дека привремената влада ги ослободува притворените во интерес на „националното единство и мирниот соживот“.
Се верува дека во озлогласениот затвор Ел Хеликоиде, за кој Трамп по апсењето на Мадуро најави дека ќе биде затворен, се наоѓаат до 80 затвореници.
Трамп, исто така, тврдеше дека нафтените компании, со многу од нив тој денеска треба да се сретне во Белата куќа, ќе инвестираат „најмалку 100 милијарди долари“.
Фото:Depositphotos

