Свет
НАТО расправа за Авганистан
Педесетина шефови на држави и влади на земјите-членки на НАТО и нивните сојузници денеска повторно се сретнаа во Лисабон, на вториот и завршен ден од самитот на Северноатлантскиот совет, да расправаат за датумот за почеток за повлекување на странските војници од Авганистан
Дваесет и осум членки на НАТО уште 20 земји од Австралија до Јужна Кореја имаат свои војници во составот на меѓународните сили во Авганистан, но сега сите веќе со нетрпение го очекуваат почетокот на нивното враќање дома. Се очекува дека шефовите на меѓународните сили на ИСАФ ќе објават дека повлекувањето ќе почне од јули 2011 година, а би требало да заврши до 2014-тата. „Сметаме дека е реално и оти ќе ја исполниме задачата за пренесување на одговорноста за сигурност на авганистанските сили до крајот на 2014 година“, изјави вчера главниот секретар на НАТО, Андрес Фог Расмусен . Истовремено се очекува дека членските ќе ветат поддршка за авганистанскиот претседател Хамид Карзаи и по 2014тата и тоа првенствено со обучување и поткрепа на авганистанските сили и зајакнување на економскиот и административниот развој. Се очекува дека Карзаи денеска ќе присуствува на самитот во Лисабон.НАТО веќе има обучено 150 илјади авганистански војници и полицајци и се надева дека ќе го дуплира бројот до октомври следната година. Вчера беше усвоен Новиот стратешки концепт на НАТО, темелен документ со најбитните цели на сојузот за во наредните десет години.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Бајден со порака до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци
Поранешниот претседател на САД, Џо Бајден, упати остри критики кон актуелниот шеф на државата, Доналд Трамп, посочувајќи дека тој го уништува не само Источното крило на Белата куќа, туку и целата земја, јави ДПА.
– Знаев дека Трамп ќе преземе деструктивни дејствија против земјата, но морам да признаам дека немав претстава дека ќе стане вистински уништувач, рече Бајден на гала-вечера на Демократската партија во градот Омаха, Небраска.
Поранешниот претседател демократ, кој сега има 82 години, ова го кажа во врска со проектот на Трамп на местото на Источното крило на Белата куќа да се изгради сала за балови. Трамп претходно изјави дека неговите планови за таква сала „нема да влијаат на зградата во нејзиниот сегашен изглед“.
– Ова е совршен симбол на неговото претседателствување, посочи Бајден.
– Трамп презеде деструктивни дејствија не само против домот на народот, туку и против Уставот, владеењето на правото и самата наша демократија, додаде поранешниот претседател.
Бајден директно му се обрати на Трамп во својот говор, изјавувајќи дека со своето однесување актуелниот шеф на државата ги посрамил САД и ги издигнал интересите на богатите над оние на обичните Американци.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.

