Свет
Ромпуј : Без НАТО не би постоела ни ЕУ
Претседателот на Европскиот совет Херман Ван Ромпуј на самитот на НАТО рече дека ЕУ и Алијансата се двата најблиски партнери и изрази надеж дека овој однос дополнително ќе зајакне со усвојувањето на новиот стратешки концепт на Сверноатлантсткиот сојуз.
Ван Ромпуј рече дека Европа станала континент на соработка и интеграции токму благодарејќи на НАТО и дека без Алијансата не би постоела ни Унијата, пренесе Танјуг.
„Нашите две организации пловат со исти брод со децении.Како Унија ние сме заедно со НАТО во БиХ, на Косово и долж крајбрежјето на Сомалија.Ние рамо до рамо соработуваме и во Авганистан и сакам да ја повторам долгорочната посветеност на ЕУ на стабилизацијата и обновувањето на оваа земја“, изјави Ван Ромпуј.
Тој додаде укажа дека силата на оружјето на ЕУ и НАТО ќе биде потребна уште долго но и дека ќе биде бесмислена без основата која ја претставува силното стопанство.крај/тн/ми
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Со фантомка и оружје македонски државјанин ограбил пет кладилници и пошта во Србија, полицијата го уапси
Полицијата во Краљево уапсила 44-годишен маж од Македонија, под сомнение дека ограбил пет кладилници и пошта соопшти денеска локалната полициска управа, пренесе „Н1“.
Во соопштението се наведува дека В.Г. е осомничен дека на територијата на Краљево влегувал во објекти на кладилници и пошти со фантомка на главата и, со закана со пиштол, одзел повеќе од 700.000 динари.
Во станот на осомничениот, полицијата пронашла дел од парите, фантомка и реплика на пиштол која, како што се сомнева, ја користел при извршувањето на кривичните дела.
Тој се товари за пет кривични дела разбојништво, одредено му е задржување до 48 часа и ќе биде приведен во Обвинителството, соопшти Полициската управа во Краљево.
Свет
САД сепак се вклучуваат во преговорите меѓу Украина и Русија во Абу Даби
Специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, по посетата на Израел треба да учествува на следниот круг преговори меѓу Украина и Русија, кои ќе се одржат на 4 и 5 февруари во Абу Даби. Ова го објави Барак Равид, дописник за глобални прашања на порталот „Аксиос“, пренесе „Европејска правда“.
Според наводите на новинарот, Виткоф на 3 февруари ќе допатува во Израел, а потоа ќе замине во Обединетите Арапски Емирати за да присуствува на преговорите.
Американскиот државен секретар Марко Рубио претходно изјави дека Виткоф и зетот на Трамп, Џаред Кушнер, нема да учествуваат на следниот круг преговори со Русија и Украина, додавајќи дека американското присуство е „можно“.
Трамп на 30 јануари повторно изјави дека гледа можност за успешни преговори за завршување на руско-украинската војна. Еден ден подоцна, украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека не знае дали мировните преговори се во завршна фаза или сè уште е потребен ангажман на повеќе земји.
Првиот круг тристранни преговори меѓу Украина, Соединетите Американски Држави и Русија се одржа во Абу Даби на 23 и 24 јануари, кога се разговараше за параметрите за завршување на војната.
Свет
Премиерот на Гренланд: Намерите на САД создаваат страв и неизвесност
Премиерот на Гренланд, Јенс Фредерик-Нилсен, изјави дека ставот на САД кон Гренланд не е променет и дека Вашингтон и натаму има намера да го припои и да управува со тaa територијa. Во писмена изјава објавена на страницата на гренландскиот парламент, тој нагласи дека ваквите намери создале голема несигурност кај населението.
Фредерик-Нилсен посочи дека дел од граѓаните имаат сериозни проблеми со спиењето, дека децата ја чувствуваат загриженоста на возрасните и дека целото општество живее во постојана неизвесност за иднината. Владата на Гренланд, нагласи тој, јасно порачува дека ваквиот пристап е „целосно неприфатлив“.
Тој предупреди дека прашањето не се однесува само на Гренланд, туку и на иднината на НАТО, заштитата на западниот свет и глобалната демократија. Според него, непочитувањето на меѓународното право, националните граници и суверенитетот може да доведе до поделба на светот во кој слободата и самоопределувањето нема да постојат.
Фредерик-Нилсен ја нагласи и потребата од тесна соработка со Данска, како и со земјите од Европската Унија и НАТО.

