Свет
Сојузниците на воената хунта со убедлива победа на изборите во Мијанмар
Сојузниците на владејачката воена хунта на Мијанмар на изборите одржани на почетокот на месецот освоија 76,8 отсто од вкупно 1096 места во националниот парламент и регионалните собранија.
Партијата УСДП, политичко крило на воениот режим, на изборите одржани на 7. ноември освои 842 места во долниот и горниот дом на парламентот.
Според прелиминарните резултати, прорежимската партија НУП освои 5,7% од местата, а продемократската партија Шан е на трето место со 5,2 отсто освоени мандати.
Националната демократска сила, одметната фракција на опозициската Национална лига за демократија(НЛД) на нобеловката Аунг Сан Су Кји, го освои дури шестото место со 1,5% пратенички места.
НЛД ги бојкотираше изборите бидејќи оцени оти нема да бидат фер и демократски. Су Кји, добитничка на Нобеловата награда за мир, е пуштена од притвор една недела по изборите. Таа помина 15 од последните 20 години во притвор.
Изборите остро ги критикуваше и меѓународната заедница, а ОН и многу земји побараа ослободување на Су Кји пред изборите, за да може и таа да се вклучи во изборниот процес.
На изборите одржани 1990. НЛД надмоќно победи, но владејачката воена хунта не им дозволи да ја преземат власта. /крај/хн/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

