Свет
Најмалку 2.300 деца убиени во Мексико за две години

Најмалку 2.300 деца помлади од 16 години се убиени во крвавите пресметки на нарко картелите во Мексико од 2006 до 2008 г.
Во извештајот на мексиканската Мрежа за заштита на човековите права и правата на децата се вели дека откако владата на Мексико во 2006 ја зголеми борбата против трговија со дрога, бројот на убиени деца и млади драстично се зголеми.Во сојузната државата Чивава овој процент е зголемен за 50 отсто во текот на првата година, а за 2007 и 2008 се зголеми за 374 отсто.Државите кои се наоѓаат на северниот дел од Мексико најопасни се за децата и тинејџерите бидејќи во тие делови нарко картелите се најактивни. Мрежата за заштита на децата предупредува дека ситуацијата во 2009 и 2010 година е полоша бидејќи во последно време нарко картелите масакрираат цели групи на млади лица кои се поврзани со овие картели.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Германска студија: Концертните сали и театрите не се места за зараза

Не постои голем ризик од инфекција во затворени простории за концерти кои имаат добра вентилација, како и на отворени простори, покажала студија спроведена во Германија, пренесува „Ај Кју Маг“ (IQ Mag), едно од водечките професионални списанија во музичката индустрија, соопштија од фестивалот „Егзит“ (EXIT).
Научната студија спроведена во ноември траела три дена во Концертхаус во Дортмунд, кој има 1.500 места и е продолжение на августовското истражување на „Рестарт-19“, Универзитетска болница во Хале, чии резултати покажаа дека со соодветна вентилација има „низок до многу низок “ризик од пренесување на инфекцијата од личност до личност.
„ Концертните сали и театри не се места на инфекција“, вели д-р Рафаел фон Хоенсбрех, директор на Концертната сала во Дортмунд.
Свет
Оксфорд очекува наскоро податоци за ефикасност на вакцината против британскиот сој

Универзитетот Оксфорд очекува дека податоците за ефикасноста на вакцината што ја разви против британскиот сој на коронавирус ќе бидат готови до следната недела, изјави претставник на Универзитетот на виртуелен состанок со советодавниот панел на американскиот центар за контрола и превенција на заразни болести (ЦДЦ).
„ Од средината на декември, британската варијанта стана доминантна и започна брзо да се шири. Нашата анализа на ефективноста против таа варијанта треба да биде готова до следната недела”, рече Ендру Олард, директор на Оксфордската акциска група и главен истражувач.
Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека ќе биде многу штета ако Лондон го усвои советот да остане во програмата за вакцинација на ЕУ пред да смисли свој план, пренесува Ројтерс.
„ Мислам дека можевме да дејствуваме поинаку и во некои аспекти подобро“, рече Џонсон пред парламентот.
Свет
Руски политичар: Навални не е политички затвореник како што сака да се претстави

Алексеј Навални не е политички затвореник во Русија како што го претставуваат на Запад и како што тој сака да се претстави, изјави шефот на руската делегација на Парламентарното собрание при Советот на Европа, Петар Толстој.
Прашањето за труењето на рускиот блогер и опозиционер денеска е на дневен ред на Парламентарното собрание при Советот на Европа, пренесе „Спутник“.
Толстој ги потсети своите европски колеги дека Навални не ги исполнил обврските што ги имал како некој кому му била изречена условна казна и дека бил уапсен за тоа. Тој додаде дека Русија вложила големи напори да ги разјасни околностите за тоа што му се случи на Навални во авионот.
„Подготвени сме да соработуваме со вас, но потпирајќи се на факти, а не на пропагандни клишеа и извици, што, за жал, можеме да ги слушнеме во салата денес за време на сесијата“, рече Толстој.
Навални се врати од лекувањето од Германија во Русија. Тој беше уапсен на аеродромот „Шереметјево“ во Москва бидејќи како условно осуден не се пријавил во руската полиција. Му беше одреден притвор во траење од 30 дена, каде што ќе чека рочиште, на кое ќе се одлучи дали условната казна ќе биде заменета со затвор. Рочиштето е закажано за 29 јануари.
Во меѓувреме, неговите приврзаници организираа нелегитимни протести во Русија.
Руското Министерство за надворешни работи претходно ги советуваше странските политичари кои ја коментираа ситуацијата со Навални да го почитуваат меѓународното право и да ги решаваат проблемите во нивните земји, а министерот за надворешни работи, Сергеј Лавров, неодамна изјави дека се копираат изјавите на западните политичари на оваа тема.
Портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, истакна дека Кремљ нема намера да ги слуша изјавите од странство за Навални.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија2 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот