Свет
На Русија и ЕУ им треба нов договор за енергетика

Договорот меѓу Русија и ЕУ за партнерство и соработка во областа на енергетиката е застарен и потребен е нов договор, изјави денеска еврокомесарот за енергетика, Гинтер Етингер, пренесува Риа Новости
„Овој договор повеќе не ги покрива барањата на нашата соработка во енергетиката“, рече тој и додаде дека досегашниот договор, кој истече во 2007 година, треба да биде заменет со нов.Еврокомесарот ги повика Русија и ЕУ да ги зацртаат нивните енергетски приоритети се до 2050 година и да изградат заеднички став за билатералните односи. Етингер смета и дека Русија и ЕУ треба да обезбедат стабилност во нивните долгорочни енергетски односи.Русија обезбедува околу 31 процент од европскиот увоз на гас, 27 проценти од потребите за нафта и 24 проценти од потребите за јаглен. Русија, исто така, го обезбедува најголемиот дел од ураниумот кој се користи во Европа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Проштална порака на Меланија Трамп: Беше чест да им служам на Американците

Првата дама на САД, Меланија Трамп, која утре ќе ја напушти Белата куќа заедно со претседателот Доналд Трамп кому му истекува претседателскиот мандат, со порака и се обрати на американската нација.
Таа вели дека најголемата чест во нејзиниот живот е што била прва дама на САД.
„Ме инспирираа неверојатните Американци ширум нашата земја кои ги градеа нашите заедници со својата љубезност и храброст, со добрина и грациозност. Изминатите четири години беа незаборавни. Сега кога Доналд и јас го завршуваме времето во Белата куќа, мислам на сите луѓе што ги примив во моето срце и на нивните неверојатни приказни за љубов, патриотизам и решителност“, вели Меланија.
Таа наведе и дека нејзината страст за помагање била двигателот за нејзината политичка иницијатива како прва дама.
Свет
Истражување: Една третина од излекуваните од коронавирус повторно се разболуваат

Една третина од луѓето кои се лекувале од коронавирус по пет месеци морале повторно да бидат згрижени во болница, според студија на британскиот универзитет Лестер.
Од 47.780 лица кои биле отпуштени од болница во Велика Британија, 29,4 проценти морале да се вратат во болницата по 140 дена. Од таа бројка, 13,3 проценти починале. Многу луѓе кои имале долгорочно дејство на коронавирусот, имаат здравствени проблеми со срцето, дијабетесот, црниот дроб и бубрезите, покажа истражувањето.
Авторот на студијата Камлеш Кунти смета дека е потребно да се обезбеди следење на пациентите за време и по третманот.
Кунти, кој е експерт за третман на дијабетес и васкуларна медицина, вели дека постои многу поголема можност оние кои биле лекувани од коронавирус повторно да бидат примени во болница, во споредба со оние кои имале други здравствени проблеми. Тој посочи дека има многу кои повторно биле примени во болница, но со некои нови дијагнози. Затоа, тој ја забележа важноста на соодветната терапија. Меѓу оние кои повторно побарале медицинска помош откако се лекувале од коронавирус биле луѓе кои имаат проблем со дијабетес или срцеви заболувања, пренесува Њујорк Тајмс.
Свет
СЗО: Во Израел над 20 проценти се вакцинирани, а Палестинците не примиле ниту една вакцина

Светската здравствена организација (СЗО) изрази загриженост за нееднаквоста во дистрибуцијата на вакцини за коронавирус во Израел.
Оттука соопштија дека во земјата повеќе од 20 проценти од населението е вакцинирано, додека Палестинците се уште не примиле вакцини на окупираните територии.
„Имаме голем број грижи во врска со јавното здравје и еднаквост поради оваа нееднаква дистрибуција на вакцини или нееднаков пристап до вакцините“, рече Гералд Рокеншауб, шеф на Канцеларијата на СЗО за палестинските територии.
СЗО разговара со Израелците на повисоки нивоа и се обидува да истражи дали Израел би можел да размисли за давање вакцини на Палестинците, додавајќи дека здравствените работници ќе бидат во првите редови во тој случај. Израел тврди дека населението на земјата, вклучувајќи ги и арапските граѓани, е приоритет, „но дека во одреден момент би можел да размисли за споделување на своите залихи“.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира