Свет
Бројката жртви во Пном Пен достигна над 339
Бројката на жртвите во стампедото шото се случи во понеделникот попладне по макеоднско време, за време на фестивалот на водата во главнито град на Камбоџа веќе достигна 339 луѓе а повредени се 329, јави Agence France Presse кој се повикува на изјава на премиерот Хун Сена
Претходно Reuters обајви дека бројката загианти се искачи на 278, од кои 240 се жени, но и во новиот црн биланс доминираат како жртви.Голем број жртви се должи на фактот дека инцидентот се случил во ограничен простор – на мостот кој го поврзува Пном Пен со Дијамантскиот остров на реката Меконг.Тридневниот фестивал посветен на водата се одржува секоја година на Меконг (Пном Пен секоја година. Оваа година на фестивалот во Камбоџа донесол капитални добивки од присуството на стотиците илјади луѓе.Инцидентот се случил на мост што поврзувал мал остров со реката Тонле Сап.Очевидец на настанот, локален продавач на безалкохолни пијалоци, за Associated Press изјавил дека паниката настанала кога десетина лица од толпата паднале во бесознание.Мостот бил натрупан со луѓе, некои биле прегазувани, а други паѓале во вода. Тој рекол дека стотици повредени останале да лежат беспомошно на земја.Голем број луѓе биле собрани на последниот ден од фестивалот, еден од најзначајните празници во текот на годината во Камбоџа.Паниката настанала по концертот на островот Дајмонд, кој кулминирал со трка на бродови.Првичните информации добиени од болнички извори говореа за 17 жртви, полицијата не ја прецизираше точната бројка и во извештаите наведува постојано дека има „многу мртви“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
САД: Ќе го блокираме полноправното членство на Палестина во ОН, тие треба да преговараат со Израел
САД ќе гласаат против палестинската кандидатура за полноправно членство во Обединетите нации и ќе ја блокираат светската организација да признае палестинска држава.
„САД продолжуваат да тврдат дека најбрзиот пат до државност за палестинскиот народ е преку директни преговори со Израел и палестинската управа со поддршка на САД и други партнери“, рече американскиот претставник.
Планирано е 15-члениот совет да гласа за нацрт-резолуцијата со која се препорачува на Генералното собрание на ОН од 193 држави „Државата Палестина да биде примена во членство во ОН“.
За да усвои резолуцијата, потребни се најмалку девет гласа и никакво вето од САД, Велика Британија, Франција, Русија или Кина. Дипломатите проценуваат дека резолуцијата би можела да собере 13 гласа, што би ги принудило САД да стават вето.
„Одамна јасно ставивме до знаење дека предвремените акции во Њујорк, дури и ако се во најдобар интерес, нема да резултираат со државност за палестинскиот народ“, рече американскиот функционер. Палестинците во моментов имаат статус на набљудувач не-членка, што е де факто признавање на државноста доделена од Генералното собрание на ОН во 2012 година.
Меѓутоа, барањето за полноправно членство мора да биде одобрено од Советот за безбедност, а потоа од најмалку две третини од членовите на Генералното собрание. Засилените напори на Палестина за полноправно членство дојдоа шест месеци по масакрот на Хамас во јужен Израел и војната во Појасот Газа по започнувањето на израелската офанзива и проширувањето на еврејските населби на Западниот Брег.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, смета дека „повеќе од кога било, неопходно е да се поддржат напорите со добра волја за воспоставување траен мир меѓу Израел и независна, одржлива и суверена палестинска држава“.
Регион
Земјотрес во Србија
Земјотрес со јачина од 2,7 степени според Рихтеровата скала го погоди Чачак.
Според ЕМСЦ, епицентарот бил два километри северно од Чачак и 47 километри западно-северозападно од Крагуевац.
Земјотресот се случил на длабочина од осум километри.
Европа
Уапсен Полјак: „Планирал убиство на Зеленски“
Маж од Полска е уапсен под обвинение дека бил подготвен да шпионира за руското воено разузнавање и да и помогне да го испланира убиството на украинскиот претседател Володимир Зеленски, соопштија полските обвинители, а пренесе Асошиетед прес.
Полското национално обвинителство соопшти дека мажот, идентификуван само како Павел К., бил обвинет дека сакал да ги пренесе безбедносните информации на аеродромот на руски агенти и бил уапсен вчера во Полска.
Човекот побарал контакт со Руси директно вклучени во војната во Украина и се очекувало да пренесе детални информации за аеродромот Жешов-Јасионка во југоисточна Полска, во близина на границата со Украина, кој е портата за меѓународни воени и хуманитарни снабдувања за Украина. Аеродромот е под контрола на американски војници.
Доколку биде прогласен за виновен, тој може да добие и до осум години затвор, се вели во соопштението за печатот.
Обвинителите рекоа дека апсењето е резултат на блиска соработка со обвинителите и безбедносните служби на Украина, кои обезбедија клучни докази. Членката на ЕУ, Полска е цврст поддржувач на соседна Украина и Зеленски во одбрана од руската агресија повеќе од две години.