Свет
Северна Кореја ја нападна Јужна Кореја, двајца загинати
Војската на Северна Кореја испука топовска граната кон јужнокорејски остров Јеонпјеонг во спорното погранично подрачје меѓу двете земји, а Јужна Кореја веднаш го возврати ударот, јавија тамошните медиуми. Франс прес ги пренесе информациите што ги објави јужнокорејската телевизија „JТН“ (YTN) во кои се наведува дека има двајца загинати јужнокорејски војници а најмалку 13 се повредени, додека пак „Ројтерс“ пренесе дека десет куќи на јужнокорејскиот остров се во пламен. Според првичните вести, нападот се случил во 02 : 34 минути по локално време. Информациите за повредени ги потврди и јужнокорејското министерство за одбрана за агенцијата „ Јонхап“ (Yonhap) која објави дека сè уште се работи на утврдување на точните податоци за нападот. /крај/хи/ит
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади врз земјата.
„Никој не може да поверува во успехот што го имаме, 48 лидери исчезнаа одеднаш. И се одвива брзо“, беше цитиран Трамп во интервју за Фокс њуз.
Во посебно интервју за Си-Ен-Би-Си, тој вели дека американската операција во Иран е „пред предвидениот рок“.
Свет
Израелската војска пак го нападна Иран
Израелската војска соопшти дека нејзините сили започнале со спроведување нови воздушни напади врз иранскиот главен град.
„Воздухопловните сили сега започнаа нов бран напади во срцето на Техеран“, се вели во краткото соопштение на „X“.
Свет
Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“
Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“
Папата Лав XIV му испрати силна порака на американскиот претседател додека зборуваше во Ватикан во неделата.
„Со длабока загриженост го следам она што се случува на Блискиот Исток и во Иран во текот на ова бурно време“, истакна Папата во својот говор.

