Контакт

Свет

Американски службеници пијани превезувале нуклеарно оружје

Објавено пред

Инспекторатот на американското Министерство за енергетика  објави извештај, според кој повеќе федерални агенти, задолжени за превоз на нуклеарно оружје, биле фатени на работа во алкохолизирана состојба.

Помошникот на главниот инспектор, Сандра Брус изјава дека нејзината канцеларија до сега преиспитала 16 случаи на инциденти поврзани со опивање на вработените во службите на Министерството за енергетика, пренесе Асошијетед прес.

Два инцидента предизвикаа особени причина за загриженост, бидејќи се случиле за време на транспорт на нуклеарно оружје, кога агентите, поради долгите дистанци, спиеле во хотели.

Претставниците на Националната управа за нуклеарна безбедност (ННСА), која функционира под Министерството за енергетика, ги отфрла обвинувањата.

„Од стотина агенти идентификувани се само два случаи, во кои персоналот на ННСА бил под дејство на алкохол и тоа за време на  ноќните пауза додека ја вршеле мисијата“, изјави портпаролот на ННСА, Дамијен Лавера. /крај/по/ап/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Пожарите во Грција не стивнуваат, населението се евакуира, огнената стихија уништи куќи

Објавено пред

ЕУ испрати помош за Грција и другите земји од Југоисточна Европа кои се борат со големи пожари.

Помошта дојде еден ден откако во пожар изгореа повеќе од 100 куќи и деловни објекти во близина на грчката престолнина Атина.

Со чамци беше извршена евакуација на луѓето на островот Евија поради обилниот чад поради шумските пожари, а тројца пожарникари беа повредени, додека пожарникарите на другите места се бореа да ги задржат пламените јазици.

Околу 85 луѓе беа однесени на плажа и евакуирани со пет чамци, а околу 150 куќи беа уништени на островот.

Околу 100 пожарникари, со седум хеликоптери и противпожарни авиони, се бореа со пожарот, соопштија претставници на цивилната заштита.

Шефот на Цивилната заштита, Никос Хардалијас, рече дека во последните 24 часа избувнале 118 пожари и предупреди дека може да дојдат уште полоши денови за пожарникарите кои работат под голем притисок.

„Вложуваме титански напори на многу полиња. Според нашите прогнози, утре исто така се очекува да биде тежок ден. Најтешкиот дел е пред нас, следните денови и недели ќе бидат уште потешки. Нашата клучна цел е да ги заштитиме човечките животи“, изјави тој пред новинарите, пишува „Катимерини“.

Прикажи повеќе...

Свет

Од луѓето Ковид-19 премина на животните, 40 проценти од дивите елени во САД добиле коронавирус

Објавено пред

Научниците открија дека ковид-19 од луѓето преминал на диви елени во некои делови на Соединетите Американски Држави.

Имено, тие открија антитела за САРС-КоВ-2 во 40 проценти од елените со бела опашка на североисток од земјата, пренесува „Science Alert“.

Само во Мичиген, 67 проценти од дивите елени имале имунолошки маркери на коронавирус во крвта.

Ова е првиот доказ за широка изложеност на „Ковид-19“ во дивиот свет.

Иако здравствената состојба на ниту еден од елените не е влошена, присуството на специфични антитела во крвта покажува дека тие неодамна го надминале вирусот.

Научниците стравуваат дека популацијата на диви елени може да биде добра основа за развој и мутација на Ковид-19, која потоа подоцна би можела да им се врати на луѓето, но со потешки последици врз нашето тело отколку порано.

Прикажи повеќе...

Европа

Макрон за антиваксерите: Тоа се луѓе кои го загубиле разумот

Објавено пред

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека демонстрантите против вакцинацијата се луѓе кои го загубиле разумот.

Откако демонстрантите против т.н. ковид-пасоши се судрија со полицијата во Париз на 31 јули, Макрон ги заостри критиките кон радикалните демонстранти кои протестираат против кампањата за вакцинација.

„Нема да попуштам пред нивното радикално насилство. Нивниот став е закана за демократијата. Измешаа сè и сешто“, изјавил Макрон во интервју за магазинот Paris Match, а пренесува Блумберг.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа4 минути

Пожарите во Грција не стивнуваат, населението се евакуира, огнената стихија уништи куќи

ЕУ испрати помош за Грција и другите земји од Југоисточна Европа кои се борат со големи пожари. Помошта дојде еден...

Македонија33 минути

Ангелов: Пет хеликоптери го гаснат пожарот кај Пехчево, ако дозволат условите ќе емитувам во живо

Пет хеликоптери, три српски и два македонски полетаа од скопскиот аеродром кон пехчевскиот регион, соопшти утрово директорот на Центарот за...

Македонија1 час

Владата ќе го разгледува предлогот за воведување кризна состојба во државата поради пожарите

Владата денеска во 08.30 часот треба да одржи седница за предлогот на Управувачкиот комитет за воведување кризна состојба во траење...

Македонија13 часа

Стојанче Ангелов од вршител на должност стана директор на ЦУК

Владата на денешната 94 седница донесе одлуки во однос на повеќе кадровски решенија. Така, Стојанче Ангелов кој досега беше вршител...

Македонија15 часа

Награди од по 10.000 денари за пожарникарите кои го гаснеа пожарот кај Кочани

Владата на седница одлучи да ги награди сите пожарникари вклучени во гаснењето на пожарот кој го зафати Кочани и околината....

Македонија16 часа

Албански државјанин приведен за подметнување на пожар, има осомничен и за оној во Старо Нагоричане

Попладнево од страна на полициски службеници од полициското одделение Галате уапсен е 32-годишен албански државјанин со иницијали Л.А, кој илегално...

Македонија17 часа

Владата ја разреши директорката на инспекторатот за животна средина

Владата ја разреши директорката на Државниот инспекторат за животна средина, Ана Петровска, по барање на нејзината матична партија ДОМ. Од...

Македонија19 часа

Регистрирани 164 нови случаи на Ковид-19, пријавени се три починати лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 5.276 тестирања, а регистрирани се 164 нови случаи на...

Топ22 часа

Камион излетал од патот во близина на ГП Блаце, возачот починал од срцев удар

Товарно возило со косовски регистарски ознаки вчеравечер излетало од патот во близина на Граничниот премин Блаце соопштија од МВР. Возачот...

Регион1 ден

Почина Мирослав Лазански

Почина српскиот новинар, воен аналитичар, политичар и дипломат Мирослав Лазански на 71-годишна возраст. Лазански починал во својот дом во Белград...

Европа1 ден

(Видео) Две загинати лица и десетици повредени во судир на два воза во Чешка

Две лица загинаа, седум се во критична состојба а 31 лице се повредени во судир на два патнички воза во...

Македонија1 ден

Македонија е во портокалова фаза – да се почитуваат мерките за заштита од топлотниот бран, порачуваат надлежните

Министерството за труд и социјална политика ги повикува работодавците, негувателите и воспитувачите во градинките, вработените во центрите за социјална работа...

Македонија1 ден

Две дози вакцина во државата примиле 401.336 граѓани

Прва доза вакцина вчера примиле 3.909 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 12.939 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 920.442...

Регион1 ден

(Видео) Грчките пожарникари цела ноќ се бореа со пожарите, гори и предградие на Атина

Вкупно 81 пожар избувнаа во Грција во последните 24 часа, а пожарникарите сѐ уште се борат со 40 од нив, кои...

Свет1 ден

Њујорк воведе ковид-пасоши – во ресторан и театар може само вакцинирани

Во Њујорк нема да може да се влезе во ресторан, спортска сала и во театар без потврда за вакцинација, изјави...

Топ2 дена

Скопјанец ја тепал мајка си, но таа не сакала да го пријави – повредена излегла од болница и починала

Полицијата уапсила 36-годишен скопјанец откако започнала истрага по пријава дека во близина на градската општа болница „8 Септември“ почината била...

Македонија2 дена

(Видео) Спасовски: Четири српски хеликоптери им се приклучуваат на нашите два

Српските власти ни испратија четири хеликоптери за гаснење на пожарите, кои ќе се приклучат на нашите два и ќе сториме...

Македонија2 дена

Во Македонија нови 37 случаи на Ковид-19, нема починати

Во последните 24 часа се направени 3.658 тестирања, а регистрирани се 37 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 15, Тетово...

Македонија2 дена

(Видео) Ангелов: Ако се утврди дека сум потфрлил, ќе си заминам од државата

Во моментот државата е во пламен и не можам да размислувам за споредни работи, но нека залади, нека се изгаснат...

Економија2 дена

Горивата поскапуваат

Малопродажните цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек 3,36 %, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Според одлуката на РКЕ,...

Досие