Свет
Севернокорејците живеат 11 години помалку од Јужнокорејците
Севернокорејците во просек живеат 11 години помалку од нивните јужни соседи, главно поради неухранетоста која предизвикува тешкотии при породувањето и ја зголемува смртноста, покажа истражувањето на јужнокорејската Влада.
Просечниот животен век во комунистичка Северна Кореја е 69 години и е понизок од почетокот на 20-те години на минатиот век кога владеел глад, покажуваат податоците на јужнокорејската агенција за статистика, пренесува Хина.
Според податоците на Обединетите Нации и на Пјонгјанг, животниот век во Северна Кореја на мажите е 64,9, а на жените 71,7 години, во споредба со Јужна Кореја каде мажите живеат 76,2, а жените 82,9 години.
Според извештајот Северна Кореја изгубила приближно 610 илјади жители во текот на 20-те години, 482 илјади поради други случаи, во споредба со 128 илјади новородени.
Јужнокорејската агенција за статистика при истражувањето користела податоци од пописот на луѓе во 1993 и 2008 година, кои се предадени на Обединетите Нации./крај/хина/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.