Свет
Иран прекинал со збогатување на ураниум
Агенцијата за атомска енергија на ОН соопшти дека Иран привремено го запрел збогатувањето на ураниумот на почетокот на овој месец поради се уште непознати причини, пренесува Асошиејтед пресОва откритие е содржано во извештајот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), испратен денеска до Советот за безбедност на ОН и до 35-те земји-членки на МААЕ.Дипломатите, кои вчера први навестија дека Иран го сопрел збогатувањето, велат дека не се знаат причините зошто илјадниците центрифуги кои го произведуваат материјалот за кој Иран вели дека му е неопходен, престанале со работа. Шпекулациите се фокусирани на црвот „Стакснет“ (Stuxnet), за кого кибернетските експерти тврдат дека ги оштетува центрифугите. /крај/ап/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

