Свет
ОБСЕ го осуди апсењето на новинарите во Russia Today во САД
Претставникот на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) за слобода на медиумите Дуња Мијатовиќ го осуди притворањето на екипата на телевизискиот канал Русија Тудеј (Russia Today) во САД, се наведува во соопштението објавено во средата.Новинарите беа приведени од страна на американската полиција во саботата за време на снимањето на протестот пред воената база Форт Бенинг во близина на градот Колумбус, во државата Џорџија. Тие беа обвинети за непочитување на законските барања на надлежните органи и учество во недозволени масовни протести. По 32 часа телевизиската екипа беше ослободена со кауција. Исто така, секој од новинарите платил по 290 долaри глоба.Во своето писмо до државниот секретар на САД Хилари Клинтон, претставникот на ОБСЕ, Дуња Мијатовиќ, изразува разочараност од дејството на локалната полиција.„Предизвикува вознемиреност и срам фактот што локалната полиција може да приведе и да казни претставници на медиумите кои ги извршуваат своите должности следејќи јавни настани. Неселективното приведување на новинарите и подигнувањето обвиненија против нив излегува надвор од потребата за одржување на редот за време на масовни настани “, се вели во писмото на Мијатовиќ.Инаку секоја година, на капијата од воената база Форт Бенинг каде што се наоѓа Институтот на западната хемисфера за соработка во областа на безбедноста (WHINSEC), се собираат илјадници активисти кои бараат затворање на Институтот, со образложение дека во него се обучуваат полицајци и војници од Латинска Америка, од кои многумина се обвинети за злосторства против цивили во нивните земји, како и убиства на странски државјани./крај/РН/СН
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица го загубија животот, додека друг патник е итно однесен во болница со тешки повреди.
Познато е дека во возилото на несреќата биле двајцата браќа Назим и Шкелзен Авдиу, како и сопругата на Шкелзен.
Свет
Орбан: Распадот на Украина би бил катастрофа за Украина
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека распадот на Украина би имал сериозни последици по неговата земја.
– Немојте да се залажувате: распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија, напиша Орбан на платформата Икс.
Тој додаде дека стабилноста на соседните држави е важна.
– Унгарија ја снабдува Украина со 44 отсто електрична енергија и 58 проценти гас. Во меѓувреме, војната ја слабее Украина секој ден. Само мирот може да ја зајакне. Секој кој навистина ја поддржува Украина мора да сака мир, и сега, посочи Орбан.
Свет
Нема да има блокада на граничните премини со Грција за време на празниците
Грчките земјоделци најавија прекин на блокадите на граничните премини со Македонија за време на божиќните и новогодишните празници, овозможувајќи им непречено патување за граѓаните.
Блокадата на земјоделците е проблем за многу македонски државјани кои изминативе недели им беше отежнато патувањето кон или од Грција.
Грчките медиуми известуваат дека за време на празничната сезона нема да има блокади, со цел граѓаните да можат непречено да патуваат.
Земјоделците одлучија да ги прекинат блокадите и да ги отворат граничните премини и патиштата во два периода: од вторник, 23 декември, до недела, 28 декември 2025 година и од вторник, 30 декември, до недела, 4 јануари 2026 година.
Во меѓувреме, премиерот на Грција посочи дека многу од барањата на земјоделците од неговата држава се исполнети.„Од листата со 27 побарувања на земјоделците, 16 се веќе задоволени или се третираат позитивно. Четири се во процес на разгледување или дискусија со цел да се пронајде решение, додека само седум не можат да бидат решени. Причините за тоа се или спротивност со основните европски правила и функционирањето на заедничката земјоделска политика, или финансиска неизводливост“, објави на Фејсбук премиерот Кирјакос Мицотакис.
Земјоделците, кои ги започнаа своите протести на 30 ноември со околу 60 блокади низ цела Грција, не се откажуваат од своите барања.

