Свет
Руската армија дозволи странски регрути
Руските вооружени сили ги ублажија критериумите за регрутирање на странски државјани во своите редови, објавено е на службената интернет страница на Министерството за одбрана, пренесува Риа НовостиКако причини за најновите амандмани во правилата за регрутирање се сметаат влошената демографска ситуација во Русија, како и се поголемата одбивност на руските државјани да служат во својата армија, што ги присили воените власти да тргаат по регрути во се поголемата популација на имигранти во земјата.Амандманите предвидуваат дека секој странски државјанин на возраст помеѓу 18 и 30 години може да се пријави за служење на петгодишен рок во руската армија. Основните барања за новите регрути се добро да го познава рускиот јазик и да нема криминално досие. Како поттик, на новите странски регрути им се нуди руско државјанство по отслужени три години војска. Експертите се скептични дека руската армија ќе успее со новите амандмани да привлече голем број на странски регрути поради репутацијата на руската армија, која е озлогласена поради тешките услови за живот и работа, релативно ниските плати, корупцијата и бруталноста помеѓу самите војници и офицери. Според официјални извори, до сега аплицирале 699 странски државјани, најголемиот број од поранешните советски републики од каде што доаѓа и најголемиот број на имигранти, но исто така имало и дузина државјани на Литванија, Германија и Израел. Поголемиот дел од апликантите биле одбиени поради непознавање на рускиот јазик, проблеми со здравјето или низок степен на образование. Во согласност со реформите на армијата, таа до 2016 година ќе биде намалена на еден милион војници, од кои 250.000 ќе бидат офицери, а 750.000 војници. /крај/риа/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Израел: Способноста на Иран да лансира ракети ќе биде значително нарушена
Израел очекува способноста на Иран да испали балистички ракети да биде значително нарушена во следните 24 часа, изјавија двајца израелски функционери, како резултат на зголемените напади на САД и Израел. Според нив, се очекува фреквенцијата на иранските ракетни напади да се намали до вторник вечерта и да бидат испукани помалку ракети кон Израел, пренесуваат медиумите во регионот.
Во првите три дена од војната, САД и Израел погодија повеќе од 1.200 цели. Се очекува тој број да се удвои до вторник, по она што официјалните лица го опишаа како неуморно темпо на напади што започна во понеделник и се очекува да продолжи во текот на ноќта.
Еден од функционерите рече дека се очекува нападите на американските и израелските сили во понеделник вечерта да бидат насочени кон ракетни лансери, сили за внатрешна безбедност и цели на Револуционерната гарда. Американските и израелските функционери денес нагласуваат дека темпото и успехот на воздушната кампања досега ги надминале сите очекувања.
Свет
Иранската револуционерна гарда: „Непријателот нема да биде безбеден никаде во светот, дури ниту во своите домови“
Иранската револуционерна гарда, паравоена формација на која се потпира исламската влада во Техеран, денес се закани, по повод американско-израелските напади врз Иран, дека ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“ и дека непријателите нема да бидат безбедни „никаде во светот, дури ни во своите домови“, објавува CNN.
Како што објави иранската државна телевизија, Иранската револуционерна гарда соопшти дека неодамнешната загуба на врховниот лидер ајатолахот Ал Хамнеи и други високи функционери „не го потресе (Иран), туку само го направи посилен“.
Високо вооружената и организирана гарда – која постои паралелно со иранската армија и вклучува доброволни одреди – вети во соопштение дека Иран ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“.
„Непријателот треба да знае дека неговите среќни денови се завршени и дека повеќе нема да бидат безбедни никаде во светот, дури ни во своите домови“, се додава во соопштението што го пренесе CNN.
Регион
Дачиќ симнат од респиратор
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ денес е симнат од механичка вентилација, пренесува „Блиц“.
Медиумот пренесува дека министерот за здравство Златибор Лончар денес изјави дека здравствената состојба на министерот за внатрешни работи и претседател на Социјалистичката партија на Србија Ивица Дачиќ е подобра отколку што беше, додавајќи дека постојат причини за оптимизам, но и дека мерките за интензивно лекување и терапија продолжуваат.
„Неговата моментална состојба е подобра отколку што беше, што ни дава причина за оптимизам. Важно е што сè уште има многу работа да се направи, мерките за интензивно лекување и примената на интензивна терапија продолжуваат. Тоа е она што ќе го кажам во овој момент, а луѓето што го лекуваат ќе го објаснат подетално во текот на денот“, изјави Лончар за новинарите по посетата на здравствениот центар Вождовац.

