Свет
Двајца мртви во експлозија на цистерна на границата меѓу Ирак и Јордан
Дваесетина цистерни со мазут се запалија во четвртокот на границата меѓу Ирак и Јордан по експлозијата на едно од возилата, при што загинале две лица а 12 се сериозно повредени, јави Agence France-Presse, повикувајќи се на извор во безбедносните служби„Една од цистерните, кои пренесуваа нафта од Ирак во специјална зона којашто се наоѓа на неутрална територија на границата меѓу Ирак и Јордан, експлодирала поради техничка неисправност. Експлозијата предизвика пожар кој се рашири на преостанатите 19 цистерни“, рекол изворoт за AFP.Соговорникот на агенцијата потврдил дека во несреќата две лица загинале а 12 се сериозно повредени, на кои се кои им е дадена итна медицинска помош. Сепак неколку луѓе се водат за исчезнати. Според првичните податоци, причината за експлозијата и пожарот биле непочитувањето на безбедносни мерки на претпазливост на механизмот за одвод на горивото. Во моментов сеуште се води истрага, додава агенцијата.Јорданските пожарникари се борат да го стават под контрола пожарот крај градот Рувашед, пренесува Reuters повикувајќи се на изјавија од официјални лица на пограничните власти во Јордан.Ирак е третиот регион во светот според резерви на нафта, со потврдени повеќе од 115 милијарди барели. Неговите главни полиња се наоѓаат во јужниот регион, чиј центар е Басра./крај/афп/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Ирак: Соборен дрон кај меѓународниот аеродром во Багдад
Ирачките власти соопштија дека дрон бил соборен во близина на меѓународниот аеродром во Багдад, без жртви или материјална штета, јави Анадолу.
Во соопштение пренесено од Ирачката новинска агенција (ИНА) се наведува дека леталото било пресретнато на надворешниот периметар на аеродромот.
Генерал-потполковник Саад Маан изјавил дека станува збор за мало беспилотно летело и потврдил дека нема човечки или материјални загуби.
Овој развој на настаните доаѓа откако претходно во Ербил, на северот на Ирак, се слушнале експлозии по напад со дрон насочен кон американскиот конзулат и градскиот аеродром, каде биле активирани системите за противвоздушна одбрана. Дроновите биле пресретнати, но нема потврда за нивниот точен број.
Свет
(Видео) Нови снимки од Бејрут: Хотел тешко оштетен во израелски напад
Нови снимки од либанската престолнина Бејрут покажуваат сериозни оштетувања на хотел во населбата Хазмие, источно од центарот на градот, додека израелските напади продолжуваат.
На снимките се гледа тешко оштетена фасада на хотелската зграда по нападот.
Hazmieh now pic.twitter.com/Q1lN9MoKlC
— Pheebs (@galpalpheebs) March 4, 2026
Фото: ЕПА
Свет
Мерц: Трамп ме увери дека американската војска ќе остане во Германија
Американскиот претседател Доналд Трамп потврдил дека САД планираат да ја задржат својата воена присутност во Германија, изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц по средбата со него во Белата куќа.
„Трамп уште еднаш ме увери дека САД имаат намера да ја задржат својата воена присутност во Германија“, изјави Мерц во Вашингтон, додавајќи дека тоа се добри вести.
Во последните месеци се шпекулираше дека, поради критичкиот став на Трамп кон Европа, би можело да дојде до повлекување на американските трупи од Германија.
Мерц рече дека со Трамп разговарале и за подобра организација на заедничкото одвраќање пред самитот на НАТО во Анкара во јули.
Тој додаде дека Трамп признал дека Германија презела водечка улога во зајакнувањето на европскиот столб на НАТО и дека САД го почитуваат германското вложување во војската.

