Свет
WikiLeaks ќе објавува документи за сојузниците на САД и за Русија
Американските дипломати низ светот ги информираат сојузниците на САД дека на специјализирана интернет страница WikiLeaks дека наскоро ќе бидат објавени доверливи документи кои би можеле да предизвикаат непријатност и да ги загрозат односите на некои земји со САД
Објавувањето на документите се очекува овој викенд, иако WikiLeaks не прецизира точно кога ќе се случи. Истовремено, рускиот весник Комерсант објави дека интернет страницата специјализирана а објавување доверливи документи за војните во Ирак и во Авганистан, планира да објави документи кои нема да бидат пријатни за рускиот државен врв.Портпаролот на британскиот премиер Дејвид Камерон, изјавил дека американскиот амбасадор во Лондон, Луис Сусман ја информирал владата за „веројатната содржината на овој документ“, но одбил да каже на што била Велика Британија предупредена.Италијански министер за надворешни работи, Франко Фратини, рекол дека разговарал со претставници на американскиот Стејт департментот, како и дека му е кажано дека ќе биде објавен документ кој се однесува на Италија„ но „неговата содржина не може да се претпостави“.Владите на Канада и Норвешка, исто така, соопштија дека добиле информации од американските службеници, а министерството за надворешни работи на Израел одби да коментира дали се информирани.Документите кои може да бидат објавени на WikiLeaks следните денови содржат непријатни оцени за руската политика и за руските лидери, кои би можеле да бидат навредливи за Москва, пишува во петокот рускиот весник Комерсант.Весникот наведува дека тие откритија би можеле да ги нарушат односите меѓу САД и Русија. Како што се додава, во фајловите се наоѓаат транскрипти од разговорите на американски дипломати и руски политичари, како и извештаи за значајни случувања во Русија и анализа на руската надворешна и внатрешна политика.Повикувајќи се на извори од руското министерство за надворешни работи, весникот наведува дека руската дипломатија до четвртокот не била контактирана во врска со ова прашање.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Мерц реизбран за лидер на ЦДУ
Германската владејачка партија, Христијанско-демократската унија (ЦДУ), денес го реизбра Фридрих Мерц за свој лидер.
Мерц беше поддржан од 878 од 963 членови на партијата на националната партиска конференција во југозападниот град Штутгарт.
Резултатот е негов втор најдобар досега.
Во 2022 година, тој беше избран со 94,6 проценти од гласовите на онлајн партиска конференција, а подоцна беше потврден со гласање по пошта со 95,3 проценти од гласовите. Во 2024 година, тој доби 89,8 проценти од гласовите.
Дводневниот партиски состанок доаѓа на почетокот на предизвикувачка година за ЦДУ, која се соочува со избори во пет федерални држави во март и септември.
Според анкетите, крајната десница ги надминува конзервативците во две источни држави.
Мерц на митингот изјави дека ЦДУ мора „да спречи враќање на крајнодесничарскиот радикализам на власт во федералните држави на Германија“.
Европа
Уште тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија
Уште тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија денес, соопштија властите, во најновиот смртоносен инцидент оваа зима.
Две лица се пронајдени мртви по лавина во скијачкиот центар Санкт Антон ам Арлберг.
„Жртвите беа извлечени од снегот, но не беше можно да се спасат“, изјави портпаролот на полицијата. Уште три лица се повредени. Властите првично не дадоа никакви детали за идентитетот, возраста или националноста на жртвите.
Претходно, 42-годишен германски скијач загина во лавина во тиролскиот скијачки центар Наудерс. Мажот скијал надвор од стазата со својот 16-годишен син, кој преживеал со сериозни повреди, соопшти полицијата. Тие се обидувале да ја преминат северната падина кога се откинала плоча од снег широка околу 400 метри, носејќи ги околу 200 до 300 метри надолу.
До 40 сантиметри свеж снег паднале во делови од Тирол во последните денови. Властите предупредија дека ризикот од понатамошни лавини останува висок. Само во среда во Тирол беа регистрирани повеќе од 30 лавини.
Свет
Британска влада: Ендру би можел да го изгуби своето место во редот за наследување на тронот
Британската влада ќе разгледа донесување нов закон за отстранување на Ендру Маунтбатен-Виндзор, помладиот брат на кралот Чарлс, од линијата на наследување на тронот, потврди британски функционер во петокот.
Таквиот потег би дошол дури по завршувањето на тековната полициска истрага за неговите врски со покојниот финансиер и осуден сексуален престапник Џефри Епстин, објави Ројтерс.
Функционерот, кој побара да не биде именуван, објасни дека секоја промена во линијата на наследување би барала консултации и договор со други земји каде што кралот Чарлс, братот на Ендру, поглавар на државата.

