Свет
Сеул мора стократно да возврати
Новиот министер за одбрана на Јужна Кореја кој беше именуван во петокот, изјавил дека тој „брзо и решително одговорил на кризната ситуација“ со Северна Кореја и дека се залага за „стократно возвраќање“ во случај на повторен вооружен напад од Пјонгјанг, пренесува AFP
Новиот јужнокорејски министер за одбрана Ким Кван-Јин е поранешен началник на генералштабот на армијата, беше именуван на сегашната фунцкија три дена откако Северна Кореја го гранатираше јужнокорејскиот остров во Жолтото Море, при што загинаа двајца јужнокорејски војници и два цивила. „Мораме решително да одговориме на провокациите на Северна Кореја. Мораме стократно да одговориме во случај севернокорејски напад“, рекол пред советниците на рпетседателот, министерот Ким Кван-Јин, пренесува јужнокорејскиот конзервативен весник Chosun Ilbo.Јужнокорејската влада беше на ударот на жестоките критики бидејќи изостанвуањето на воениот одговор од страна на Сеул се смета за плашлива реакција по севернокорејското гранатирање на острвото Јеонпјеонг.Во недела Јужна Кореја во Жолтото Море ќе изведе заеднички морнарички воени маневри со САД. Кина ги осуди овие вежби а комунистичката власт во Пјонгјанг ги нареше „недозволива провокација“.Пред два дена во Жолтото Море севернокорејската артилерија го гранатираше јужнокорејскиот остров Јеонпјеонг додека во регионот се довиваше воена вежба на армијата на Јужна Кореја. Во нападот загинаа двајца јужнокорејски војници и двајца цивил од островот.Овој инцидент предизвика жестока реакција од меѓународната јавност и притисок врз Пјонгјан, а ситуацијата е доведена до работ на војна.Оваа година, Северна Кореја и Јужна Кореја, во два наврата, во јануари и август, разменија артилериски оган во близината на северната граница линија во Жолто Море, што е предмет на граничниот спор меѓу Сеул и Пјонгјанг.Јужнокорејскиот војска соопшти дека за сериозна провокација од Северна Кореја и побара да се запрат сите чекори од сличен карактер.Кон крајот на октомври двете армии разменија оган од конвенционално пешадиско оружје во демилитаризираната зона.Слични судири се случиваа и во минатото, бидејќи Пјонгјанг не ја признава т.н. северна гранична линија во Жолто Море, кое беше спроведено еднострано по Корејската војната. Во 2007 г., владите на двете Кореи се договорија спорните води да стана заедничка зона на мир и соработка, но новата влада во Сеул, која дојде на власт во 2008 г.а, презема чекори спротивно на претходната политика на зближување Северна Кореја и потпишан од претходната администрација на договорот.Односите меѓу Северна и Јужна Кореја оваа година откако беше потопен јужнокорејскиот воен брод „Чеонан“. Бродот потона на 26 март во областа контролирана од Сеул кај островот Пенендо (Baengnyeong) во близина на границата со Северна Кореја во голема експлозија чија причина се уште не е конечно утврдена. Меѓутоа, според меѓународни експерти, нападот со торпеда го извела севернокорејска мини-подморница. Притоа беа убиени 46 јужнокорејски морнари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Момче во Германија повлекло девојка под воз што доаѓал од спротивен правец, двајцата се мртви
Во Хамбург во четврток, две лица загинаа на метро станицата Вандсбек Маркт откако маж влечеше жена на шините пред воз што доаѓаше од спротивната насока. Полицијата се сомнева во убиство и започна истрага, а според првичните информации, сторителот и жртвата не се познавале, пишува Шпигел.
Според досегашните сознанија на полицијата, жртвата е 18-годишна девојка која чекала на перонот воз во правец на центарот на градот.
Сторителот, 25-годишен маж по потекло од Јужен Судан, стоел одвоено од неа. Во еден момент, тој одеднаш ѝ се приближил, ја зграпчил и, од сè уште непознати причини, ја влечел на шините, точно пред возот што влегувал во станицата. Двајцата починале на местото на несреќата.
Свет
46 жртви во железничката несреќа во Шпанија
Смртта на 43-годишна жена која била на одделот за интензивна нега во болницата Реина Софија во Кордоба го зголеми бројот на жртви во железничката несреќа кај Адамуз, која се случи на 18 јануари, на 46, соопштија владини извори.
Дваесет и осум од вкупниот број жртви биле од провинцијата Уелва, пренесе „Паис“.
Жртвата, жителка на Ла Палма дел Кондадо, била меѓу патниците на возот Алвија од Мадрид. Во моментот на несреќата се враќала по полагање испит за затворски чувар. По несреќата била на интензивна нега поради сериозни проблеми со белите дробови.
Од вчера, 16 од 126-те повредени патници и понатаму се во болниците во Андалузија, од кои двајца се на интензивна нега. Андалузиската здравствена служба извести за уште едно отпуштање од болница и за еден пациент кој го напуштил одделот за интензивна нега.
Поради смртта на најновата жртва, шпанската влада одлучи да ја одложи државната комеморација закажана за денеска. Шпанскиот премиер Педро Санчез вети дека државата ќе продолжи со истрагата и ќе им дава поддршка на семејствата погодени од трагедијата.
Свет
Пак загинати во израелски напади во Газа
Најмалку 12 Палестинци утрово загинаа во израелски напади на јужниот и северниот дел на Појасот Газа, соопштија болниците во Газа.
Ова е еден од израелските напади со најголем број жртви откако стапи во сила примирјето во Појасот Газа на 10 октомври.
Во нападите се погодени локации на северот и југот на Појасот Газа, вклучувајќи станбена зграда во градот Газа и шатор во Кан Јунис, рекле официјални претставници на болниците. Тие навеле дека меѓу жртвите има две жени и шест деца.
Министерството за здравство на Газа, кое е под контрола на Хамас, соопшти дека повеќе од 500 Палестинци се убиени во израелски напади од почетокот на примирјето на 10 октомври.

