Свет
Товарен авион се урна врз населба на Карачи

Авионот со осум луѓе се урнал рано наутро во неделата по локално време врз станбена четврт врз најголемиот пакистнаски град, предизвикувајќи пожар на повеќекатници, јави Reuters
Претставници на цивилната воздушна пловидба на Пакистан изјавиле дека авионот се урнал набрзо по полетувањето од аеродромот во Карачи.Портпаролот Первез Џорџ изјавил дека станува збор за товарен воздухоплов од руско производство, кој требало да лета за Картум главниот град на Судан, и се страхува за повеќе жртви.Снимките на локалните телевизии покажуваат како противпожарните и спасувачките екипи се борат со огромен пожар на местото на несреќата, пренесува Reuters.Според Agence France Presse, очевидци велат дека авионот се урна во близина на станбен комплекс за поморски офицери.И според дописникот на Express 24 / 7, авионот од типот „IL-76“ се урнал врз станбениот комплекс Далмиа во кој живеат семејствата на морнаричките офицери. Според него, дванаесет куќи биле уништени како резултат на несреќата а бројката загинати изнесува десет.. Далмиот е густо населена станбена површина и воздухопловни власти говорејќи пред новинарите изразиле страхување за евентуални жртви.Полицијата и амбулантни возила дошле до областа и спасувачките операции се во тек. Повредените се префрлени во државната болница.На 5-ти ноември мал авион изнајмен за меѓународна нафтена компанија се урна по полетувањето од аеродромот во Карачи, при што загинаа сите 21 патници и членови на екипажот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Ирачанец со автомобил удри во група луѓе во Германија – повредени пет лица

Полицијата претпоставува дека мажот кој вчера со автомобил удрил во група луѓе во градот Пасау на југот на Германија, повредувајќи пет лица, вклучувајќи ја и сопругата и нивното петгодишно дете, најверојатно бил вмешан во правна битка за старателство над детето.
„Во текот на кривичната истрага постојат индиции дека можната битка за старателство била причина за инцидентот“, соопшти полицијата.
Парот и детето живееле во областа на Пасау. Мажот, 48-годишен државјанин на Ирак, е уапсен и се наоѓа на сослушување.
Денеска треба да му биде определен притвор. Истрагата ја презеде криминалистичката полиција заедно со јавниот обвинител на Пасау. Според досегашните сознанија, мажот се товари за обид за убиство.
Сопругата и ќерката, заедно со уште тројца повредени, се пренесени во болница. Ниту едно од повредените лица не е во животна опасност, потврди портпаролот на полицијата.
Свет
(Фото+видео) Нереди во Лос Анџелес по рациите против имигранти, Трамп вели дека ќе ги забрани маските на протестите

Американскиот претседател Доналд Трамп ја забрани употребата на маски на протестите и ја пофали Националната гарда во Лос Анџелес по серијата насилни судири меѓу демонстранти и агенти на службата за имиграција и царинска контрола на САД за време на викендот.
Американскиот претседател во објава на социјалната мрежа truth social им се заблагодари на припадниците на Националната гарда.
„Одлична работа на Националната гарда во Лос Анџелес по два дена насилства, судири и нереди. Имаме неспособен гувернер и градоначалничка кои, како и обично (само погледнете како ги решаваа пожарите, а сега и нивното многу бавно издавање дозволи – федералната дозвола е завршена!), не се способни да ја завршат работата.
Овие протести на радикалната левица, поттикнати од организатори и често платени провокатори, нема да бидат толерирани. Исто така, отсега, маски нема да бидат дозволени на протестите. Што имаат тие луѓе да кријат и зошто??? Уште еднаш, благодарам на Националната гарда за одлично завршената работа!“
Нереди во Лос Анџелес
Претходно, Доналд Трамп распореди 2.000 припадници на Националната гарда на Калифорнија во Лос Анџелес, и покрај противењето од гувернерот Гавин Њусом, по вториот ден на судири меѓу стотици демонстранти и сојузните имиграциски власти опремени за разбивање нереди.
My feed is FLOODED with California Democrats saying Donald Trump is only trying to make a spectacle of Los Angeles by calling in the National Guard
ARE THEY INSANE??
1) ICE Protestors throwing bricks at federal officers
2) Protesters lighting LA on fire
3) Protestors breaking… pic.twitter.com/8DQ1wa2qcq— Wall Street Apes (@WallStreetApes) June 8, 2025
Сојузните агенти користеле солзавец, шок-бомби и гумени куршуми, додека демонстрантите фрлале камења и парчиња бетон кон возила на граничната патрола. Улиците биле покриени со чад од запален отпад.
Протестите ескалирале откако имиграциските власти претходниот ден спровеле рации во овој калифорниски град, вклучувајќи ја и модната четврт на Лос Анџелес и продавницата Home Depot, при што бројот на уапсени мигранти за една недела надминал 100. За време на протестите, властите уапсиле и истакнат синдикален лидер, обвинувајќи го за попречување на полициска акција.
„Сојузната влада сака спектакл“
Белата куќа најави дека Доналд Трамп ќе ја распореди Националната гарда со цел да се „реши беззаконието што било дозволено да се развие“, додека гувернерот Гавин Њусом, демократ, изјави дека овој потег е „намерно провокативен и ќе доведе само до дополнително зголемување на тензиите“. Њусом подоцна на социјалните мрежи ја обвини сојузната влада дека сака спектакл и ги повика граѓаните да не одговараат со насилство.
🚨 #BREAKING: Secretary Hegseth just announced he is preparing to deploy MARINES to the streets of Los Angeles if the National Guard needs assistance
“Marines at Camp Pendleton are on HIGH ALERT if vioIence continues,” SecDef said
TAKE CALIFORNIA BACK! 🇺🇸 pic.twitter.com/uIWBtQnNAD
— Nick Sortor (@nicksortor) June 8, 2025
Тензиите дополнително се зголемија кога министерот за одбрана Пит Хегсет се закани со распоредување на американската морнарица доколку насилството продолжи. „Ако насилството не престане, маринците од базата Кемп Пендлтон ќе бидат мобилизирани – веќе се во висока борбена готовност“, порача Хегсет.
Распоредувањето на Националната гарда следуваше по судирите во Парамонт и соседниот Комптон, каде што беше запален автомобил. Протестите продолжија и вечерта, кога неколку стотини демонстранти се собраа во близина на продавница за крофни, а полицијата постави бодликава жица за да ја задржи масата.
Трамп сепак има потреба од Конгресот за вакви одлуки
И покрај неговата најава за забрана, Доналд Трамп не може едноставно да забрани носење маски на протести само со објава на социјалните мрежи.
Според американскиот устав, претседателот нема овластување самостојно да донесе вакви забрани кои би важеле на национално ниво. За таква мерка е потребна законодавна постапка, односно одлуката мора да биде донесена од Конгресот, кој има овластување да усвојува закони што се однесуваат на правата на граѓаните и јавното здравје.
Претседателот може да издава извршни наредби што се однесуваат на федерални институции или специфични ситуации под вонредни овластувања, но за општи забрани, како што е носењето маски на јавни собири, потребна е јасна законска основа. Дополнително, дури и Конгресот има ограничени можности да наметне вакви мерки поради поделбата на надлежности меѓу федералната и сојузните држави, бидејќи јавното здравје и безбедноста главно се под ингеренции на државите.
Затоа, објавата на Трамп на социјалните мрежи нема правна сила – за да се спроведе ваква мерка, потребен е закон донесен од Конгресот и усогласен со уставните одредби.
Свет
(Видео) Индустрискиот регион Дњепропетровск погоден од дронови, артилерија и ракетни фрлачи

Во руските напади извршени во текот на ноќта врз централна Украина загинаа пет лица, а причинета е значителна материјална штета, соопштија регионалните власти во неделата.
Индустрискиот регион Дњепропетровск беше нападнат со дронови, артилерија и ракетни системи, при што беа уништени објекти и електрични далекуводи, пренесува „Киев Пост“.
„Напаѓачите го гаѓаа Синелниковскиот округ со наведувана воздушна бомба. Еден маж загина“, изјави претседателот на Обласниот совет на Дњепропетровск, Микола Лукашук, додавајќи дека во нападот биле оштетени и пет приватни куќи и едно детско градинче.
Во Никополскиот округ биле оштетени деловен објект, четири куќи и електрични далекуводи, наведува „Киев Пост“.
🇷🇺🇺🇦 At least five Iskander-K missiles nave struck the cities of Pavlohrad and Dnipro in Ukraine's Dnepropetrovsk region. pic.twitter.com/1GGBdLF0AB
— King Chelsea Ug 🇺🇬🇷🇺 (@ug_chelsea) June 7, 2025
Регионот Дњепропетровск беше цел и пред неколку дена, кога руски сили нападнаа воени објекти за обука, при што загинаа 12 украински војници.
„Украинска правда“ јавува дека во руските напади во саботата биле убиени четворица цивили во Доњецката област: двајца во Јаблуновка, еден во Костјантивка и еден во Сиверск.
Дополнително, уште девет лица биле повредени во текот на денот во истиот регион.
Руската војска извршила 555 напади врз 16 населени места во Запорошката област во последните 24 часа, соопшти утрово шефот на Воената управа на Запорожје, Иван Федоров.
Во објава на „Телеграм“, Федоров наведе дека руските сили извршиле еден ракетен напад врз Хригоривске и шест воздушни напади врз Орехово, Новоандријевка, Мала Токмачка и Чаривне. Тој додаде дека 320 беспилотни летала од различни типови ги нападнале местата Биленке, Јуркивка, Лобкове, Камјанскабачка, Хули Скопље, П. Новоданиловка, Мала Токмачка, Чаривне и Новодаривка. Исто така, според него, извршени се 10 напади врз Новојаковливка, Хуљајполје, Чаривне, Мала Токмачка, Новоандријевка, а под удар биле и Новодаривка и Роботине, пренесе Укринформ.
Пријавени се осум случаи на оштетени станови, приватни куќи и објекти од инфраструктурата. Претходно беше соопштено дека 63-годишен маж бил повреден во руски напад во Приморск.