Свет
Убиени член на советот на провинцијата Логар и војник на НАТО во Авганистан
Советникот на авганистанската провинција Логар, Абдула Ахмаџаи, неговиот возач и телохранител (и двајцата негови роднини) биле убиени утринава кога бунтовници извршиле напад врз неговиот службен автомобил.
Како што пренесува РИА Новости повикувајќи се на извори од авганистанското министерство за внатрешни работи на Авганистан, советникот Абдула Ахмаџаи во придружба на роднините се упатил кон неговата канцеларија, кога на околу три километри од градот Поле-Алам административен центар на провинцијата Логар, неговиот автомобил бил нападната со автоматско оружје.
Ахмаџаи и неговиот возач и телохранител биле убиен на самото место додека неговиот вујко Мохамед Африди кој исто така бил во автомобилот се здобил со тешки повреди и бил итно префрлен во Кабул.
Иако ниедна од анти-владините групации досега не ја презела одговорноста за нападот. Претходно Ахмаџаи долги години бил претседател на провинцискиот совет, но по локалните избори во 2009 г. ја загубил функцијата.
Логар е авганистанска провинција на југот од земјата во непосредна близина на Кабул каде терористички напади се случуваат речиси секојдневно.
Во неделата на прес-конференција е потврдено дека еден војник на НАТО загинал во саботата во источниот дел на Авганистан.
Како што потврдила прес-службата на Меѓународните безбедносни сили за помош во Авганистан (ИСАФ), војникот чијашто националност и точното место според практиката не се соопштени, загинал од експлозија на патна мина.
Со оваа загуба, од почетокот на 2010 г. во Исламската Република веќе загинаа 662 странски војници, а 457 од нив се Американците. Севкупно од почетокот на американската инвазија во Авганистан и од 2003 г. започната сојузничка воена операција „Трајна слобода“, убиени се 2.232 странски војници.
Во Авганистан, во контигентите НАТО и мисијата ИСАФ се распоредени вкупно 152 илјади војници, а околу 100 илјади се Американци./крај/РН/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Русија се обиде да го блокира WhatsApp: промовира апликација во државна сопственост
Американската технолошка компанија Мета соопшти дека руските власти се обиделе да ја блокираат нејзината апликација за пораки WhatsApp во обид да ги принудат корисниците да се префрлат на конкурентска услуга контролирана од владата.
„Руската влада се обиде целосно да го блокира WhatsApp со цел да ги насочи граѓаните кон апликација контролирана од државата“, рече Мета.
„Правиме сè што можеме за да ги одржиме нашите корисници поврзани“, се додава во соопштението.
Фајненшл тајмс претходно објави дека руските власти го отстраниле WhatsApp, кој има околу 100 милиони корисници во Русија, од онлајн регистарот на апликации што ги води Роскомнадзор, државниот регулатор за комуникации.
Овој потег се смета за дел од пошироката стратегија за ограничување на пристапот до платформи што не се директно контролирани од руските безбедносни служби. Рускиот регулатор веќе воведе ограничувања за Telegram претходно оваа недела, објави Франс Прес.
Руските власти вршат притисок за префрлување на MAX, за кој критичарите велат дека овозможува надзор на корисниците, објави Ројтерс.
Европа
Киев повторно цел на голем руски ракетен напад
Украинскиот главен град Киев повторно беше погоден од голем руски ракетен напад рано утрово, при што беа погодени неколку згради, соопштија локалните власти. „Масовниот напад врз главниот град е сè уште во тек“, изјави градоначалникот Виталиј Кличко на платформата Телеграм.
Тој рече дека се погодени згради од двете страни на реката Днепар. Нема непосредни извештаи за жртви, но на местото на настанот се испратени екипи за итна медицинска помош. Тимур Ткаченко, шефот на воената администрација во Киев, потврди најмалку еден удар во источните предградија, додека сведоци на Ројтерс пријавија силни експлозии што одекнуваа низ целиот град.
Југоисточниот град Днепар, исто така, беше погоден, изјави регионалниот гувернер Олександр Ганжа. Неколку приватни домови и автомобили беа оштетени, но немаше непосредни извештаи за жртви. Воздушните напади останаа на сила во Киев и Днепар долго по полноќ.
Регион
Косово доби нова влада, Курти повторно е премиер
Парламентот на Косово ја изгласа новата влада, повторно предводена од премиерот Албин Курти, по повеќе од една година политички ќорсокак во најмладата земја во Европа.
Новата влада на Курти беше потврдена со 66 гласови „за“ во парламентот со 120 места. Неговата партија „Ветевендосје“ (Самоопределување) освои 57 места на декемвриските избори, а тој успеа да добие поддршка од неколку мали партии на етничките малцинства.
Новата влада се соочува со итни задачи за одобрување на буџетот за 2026 година и обезбедување меѓународни заеми и пакети за помош во вредност од стотици милиони евра, пишува Ројтерс.
„Во следните четири години, ќе ги зајакнеме сојузите и ќе инвестираме една милијарда евра во одбрана“, им рече Курти на пратениците пред гласањето.
„Ќе ставиме во употреба фабрика за муниција, ќе ја развиеме воената индустрија на Косово и ќе произведуваме домашни борбени беспилотни летала.“
Земјата со 1,6 милиони луѓе одржа предвремени избори во декември 2025 година по неубедливите резултати во февруари.
Курти кратко беше премиер во 2020 година, сè додека не беше изгласан за разрешување од функцијата. Потоа беше премиер од 2021 до 2025 година, а изминатата година ја помина водејќи привремена влада.
Косовскиот парламент сега мора да избере и нов претседател до 5 март, процес што ќе се покаже како предизвикувачки бидејќи бара двотретинско мнозинство. Без таква поддршка, на Курти ќе му биде потребна поддршката од опозицијата или ќе се соочи со уште едни предвремени избори, објави Ројтерс.

