Свет
Интерпол издаде меѓународно барање за апсење на Асанж
На барање на шведскиот суд, Интерпол го стави основачот на Wikileaks, Џулијан Асанж на листата на најбарани луѓе, поради наводен сексуален криминал во август годинава, пренесува CNN
<!– @page { margin: 0.79in } P { margin-bottom: 0.08in } –>Шведска од Интерпол побара да го стави Џулиан Асанж на „црвено предупредување“, откако судот издал наредба за негово приведување. „Црвеното предупредување“ не меѓународен налог за пасење, туку е барање испратено до 188-те членки на Интерпол за „асистенција на националната полиција при идентификувањето и лоцирањето на лицата кои се бараат за апсење или екстрадиција“.Шведскиот суд наредбата за апсење на 39-годишниот Асанж поради сексуално малтретирање при настан кој се случил на 17 август во Енкопинг, во непосредна близина на Стокхолм. Тој додатно се соочува и со две обвиненија за сексуално малтретирање помеѓу 13 и 18 август во Стокхолм , како и со едно обвинение за нелегална употреба на сила во истиот период. Ако биде осуден, Асанж може да добие казна од најмалку две години затвор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

