Свет
СП 2018: Путин и Медведев воодушевени од руската победа
Рускиот премиер Владимир Путин вечерва ќе допатува во Цирих за лично да им се заблагодари на челниците на ФИФА, додека рускиот претседател Дмитриј Медведев, по веста дека Русија е избрана за земја-домаќин на Светското првенство во фудбал 2018 извикал, „Победа, ура, Русија победи“.Русија доби повеќе гласови од Англија, од заедничките кандидатури на Шпанија и Португалија и на Белгија и Холандија, а тоа ќе и биде прва организација на првенство, откако од Меѓународниот олимписки комитет доби зелено светло за организирање на земските олимписки игри во Сочи 2014 година.Премиерот Путин првично требаше да отпатува за Цирих, но одби поради „валканата кампања во медиумите“, велејќи дека не сака да создава дополнителен притисок врз членовите на извршниот одбор на ФИФА.Тој во изјава за агенцијата Интерфакс рекол дека Русија ќе направи се за организацијата да биде на највисоко можно ниво и дека одлуката на ФИФА е добар сигнал за целиот регион кој може да напредува преку спортот.Министерот за финансии, Алексеј Кудрин изјавил дека организацијата на фудбалското првенство ќе чини помалку од ЗОИ во Сочи.Во изградбата на стадиони Русија планира да вложи најмалку 3,82 милијарди долари, а натпреварите ќе се играат во 13 градови на 16 стадиони. За три стадиони предвидена е реконструкција, а 13 ќе бидат нови./крај/хи/бч
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Доктор од Македонија прегазил куче во Софија и продолжил да вози, случајот ја разбранува Бугарија
Дваесет и деветгодишен маж од Македонија со автомобил прегазил куче, а потоа побегнал од местото на настанот, јави „БТВ“. Инцидентот бил снимен со безбедносна камера.
Маја, улично куче за кое жителите од маалото се грижеле веќе 14 години, била прегазена пред гаража. На снимката се гледа како возачот запира по ударот, излегува од автомобилот, но наместо да помогне – си заминува. Настанот предизвика илјадници коментари и осуди на социјалните мрежи.
Според „Офњуз“, сторителот признал дека го удрил кучето, но тврдел дека маневрот бил ненамерен и дека немал никаква намера да ѝ наштети. Полицијата потврди дека мажот е државјанин на Македонија, без криминално досие и дека не бил под дејство на алкохол.
Материјалите од истрагата се доставени до Окружното обвинителство во Софија, идентификувани се тројца сведоци и запленет е видеозаписот од безбедносната камера.
Од Военомедицинската академија (ВМА) во Софија, за БТВ изјавиле дека раководството е информирано за инцидентот и дека соработуваат со надлежните органи.
Свет
Американците би можеле да плаќаат двојно поскапи италијански тестенини
Љубителите на италијанската паста во САД би можеле наскоро да се соочат со драстично поскапување – цената на тестенините може да се удвои поради предложена царина од 107 проценти на увозот од Италија.
Министерството за трговија на САД започна антидампинг истрага по жалби од домашни производители. На удар се неколку водечки италијански брендови, меѓу кои, а конечните резултати ќе бидат објавени до 2 јануари 2026 година.
Италијанските компании тврдат дека царината е „несоодветна и политички мотивирана“.
„Со толку високи давачки, нашите производи нема да можат да стигнат на американскиот пазар“, предупреди Маргерита Мастромауро од здружението Унионе Италијана Фуд.
Според земјоделската организација „Колдирети“, ваквата мерка би ја дуплирала цената на чинија тестенини за американските семејства и сериозно би ги погодила италијанските производители.
Свет
(Видео) Се урна нов мост во Кина
Новоотворениот мост во кинеската покраина Сечуан делумно се урна, но сè уште не е познато дали има жртви.
Дел од пристапот до мостот Хонгчи и дел од трупот се урнаа и предизвикаа лизгање на земјиштето, објави Ројтерс.
The Hongqi Bridge in Shuangjiangkou, Sichuan Province, China has collapsed.
Looks like the foundation on the mountain was not deep & strong enough.*This is a big dent on China’s structural engineering image & China haters are already having a field day laughing & mocking this… pic.twitter.com/bjSh0XhQMT
— Zimbo_Factual (@fracta70911) November 11, 2025
Мостот долг 748 метри е дел од националниот автопат што ја поврзува покраината со Тибет, а пукнатините наводно се појавиле поради обилните дождови.
Изградбата на мостот беше завршена претходно оваа година, а изведувачи беа „Сечуан Роудс енд Бриџ Груп“.

